АТП: Синер ја зголеми предноста, Ѓоковиќ падна на четврто место

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја зголеми предноста на врвот на АТП листата по триумфот на Ју Ес Опен, додека Србинот Новак Ѓоковиќ прв пат до долго време се спушти на четвртото место.

Германецот Александр Зверев од четвртото се искачи на второто место, додека Шпанецот Карлос Алкараз остана третопласиран.

АТП листа:

(1) Јаник Синер (Италија) 11.180

(4) Александар Зверев (Германија) 7.075

(3) Карлос Алкараз (Шпанија) 6.690

(2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.560

Данил Медведев (Русија) 5.475

Андреј Рубљов (Русија) 4.645

(12) Тејлор Фриц (САД) 4.060

(7) Хуберт Хуркач (Полска) 4.060

(8) Каспер Руд (Норвешка) 4.010

(11) Григор Димитров (Бугарија) 3.965. /МИА

Навивачите плачат на трибините, играчите во транс- најтажен натпревар во историјата на Ла Лига

Валенсија го одигра првиот натпревар по речиси еден месец.

Во 14. коло од Ла Лига, Валенсија го победи Бетис со 4:2 на Местаља во особено емотивен натпревар и еден од најболните натпревари во историјата на шпанскиот фудбал. Да потсетиме, невидени поплави ја погодија југоисточна Шпанија од 29 октомври до 8 ноември.

Во една од најтешките природни катастрофи во историјата на Шпанија животот го загубија над 217 луѓе, а причинета е огромна материјална штета. Затоа, на денешниот натпревар на Валенсија владееше посебна атмосфера. Луѓето плачеа на трибините, а фудбалерите на Валенсија мотивирани од ситуацијата го прикажаа најдобриот натпревар во сезоната.

Шпанските медиуми пишуваат дека стадионот бил исполнет со расплакани луѓе, а со едноминутно молчење се сеќаваа на сите жртви. Валенсија пред натпреварот им оддаде почит на сите жртви во поплавите со голем црн флор, а на трибините беа закачени и копачките на некои од жртвите.

Легендарниот шпански фудбалер Хоакин (43) пред натпреварот ги посети семејствата на жртвите. Речиси секого го поздрави поединечно и со тоа ја воодушеви јавноста. Хоакин е дете на легендата на Бетис, но и поранешен фудбалер на Валенсија за која настапуваше од 2006 до 2011 година.

Сето тоа дополнително ги мотивираше фудбалерите на Валенсија, до ова коло од последниот тим на Ла Лига. Валенсија по 11 кола имаше победа, четири нерешени и шест порази и немаше победа од 21 септември, но со денешната убедлива победа скокна на 18. место. Цезар Тарега погоди во осмата минута за водство на домашните, а автоголот на Уго Дура израмни за Бетис во 14. минута.

Валенсија потоа го збриша Бетис за шест минути. Два гола постигна Дуро, кој погоди во 50. и 53. минута, а во 56. Диего Лопез зголеми на 4:1. На 4:2 намали Чими Авила во 67. минута. Во следното коло Валенсија гостува кај Мајорка, а Бетис оди кај Реал Сосиедад.

Во исто време, Валенсија ги доживува некои од најлошите спортски моменти во историјата. Да потсетиме, навивачите на Валенсија се крајно незадоволни од сингапурскиот газда Питер Лим (71), кој го презеде клубот во мај 2014 година, кога купи 70,4 отсто од акциите.

Лим е сингапурски бизнис магнат кој бил брокер на акции и инвеститор со палмово масло. Сега приватниот инвеститор е фокусиран на здравството, имотот, спортот и образованието. Валенсија минатата сезона заврши на деветтото место, а клубот е во тешка финансиска ситуација поради изградбата на стадионот Ноу Местаља, која започна пред 17 години.

Две третини се завршени, а треба да се заврши во летото следната година. Стадионот треба да има капацитет за 80.000 гледачи, а клубот ќе го чини околу 300 милиони евра. Поради ова клубот е во тешка финансиска ситуација, а Лим, тврдат навивачите, не презема ништо околу таа ситуација.

Дури се споменува дека капацитетот би можел да се намали за 30 илјади места бидејќи Валенсија нема пари. Валенсија е третиот најпопуларен клуб во Шпанија, веднаш зад Реал Мадрид и Барселона. Популарните лилјаци шест пати биле шампиони на Шпанија, последен пат во 2004 година.

Последен трофеј овој клуб го освои во 2019 година, кога триумфираше во Купот на шпанскиот крал. Валенсија исто така двапати беше поразена во финалето на Лигата на шампионите.

„Малиот Херкул“ беше чудо од дете со огромни мускули, а сега сонот му е НАСА (ВИДЕО)

Светот пред 24 години беше воодушевен кога се појави момче, навидум сосема обично, додека не ја соблече кошулата.

Тогаш Ричард Сандрак имаше осум години, но имаше и осум плочки на стомакот, кои ја воодушевија целата планета. Детето го доби прекарот Малиот Херкулес, но сега изгледа сосема поинаку.

Ричард Сандрак беше чудо на природата, но и на трудот. Имаше осум години кога светот го запозна „Малиот Херкулес“, кој потекнува од семејство опседнато со фитнес и тренинзи. Неговиот татко Павел бил шампион во боречки вештини, а неговата мајка Лена се занимавала со аеробик.

Поради ова, неговиот животен пат природно го привлекол на тренинзи уште од мали нозе, а неговите методи го запалиле интернетот. Во тоа време, кога имал само една година, правел 600 склекови и стомачни, како и 300 чучнувања на дневна основа. Резултатите биле видливи на неговото тело веќе на таа возраст.

Но, јавноста веднаш почна со осуда за ваквата обука и „мачење“ на детето, додека родителите биле обвинети и дека му давале стероиди, бидејќи не верувале дека вакво нешто е возможно. Мајката Лена сето тоа го негирала.

Поминаа години откако Сандрак ја воодушеви јавноста, а сега 24 години подоцна не личи на себе. Се бореше со тренинзи, кревање тегови и сѐ што одеше со фитнесот од една едноставна причина - му било здодевно.

Ричард сега работи како каскадер во шоуто „Waterworld“ во Холивуд, додека сонува да стане инженер во НАСА.

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус.

Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.

„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

притисни ентер