СВР Тетово ќе ги едуцира учениците за безбедност на интернет

Секторот за внатрешни работи Тетово почна со практична реaлизација на нов превентивно-едукативен проект насловен „ Не биди жртва на социјалните мрежи-сурфај безбедно".

Проектот го спроведува Отсекот за превенција, а целна група се учениците од основните училишта.

-Во рамките на проектот, што се планира да трае до крајот на идниот месец, предвидени се посебни предавања во училиштата, на кои на учениците ќе им биде објаснето како и со кого да комуницираат на социјалните мрежи, а тие да не бидат злоупотребени, но и ќе им се советува да бидат максимално претпазливи во комуникацијата. Покрај тоа, на учениците ќе им се укаже да не испраќаат нивни фотографии и видео материјали на непознати лица и особено не фотографии со експлицитна содржина. Учениците, исто така, ќе се предупредат и на можните ризици од нивно учество во видео-игри со елементи на насилство, самоповредување или други содржини на насилно и непримерно однесување, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Со овој проект ќе бидат опфатени над 3.500 деветтооделенци од сите основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава во над 200 паралелки. За неговото спроведување задолжени се 20 претходно обучени полициски службеници.

„Гответе со Дракче“ - Сутлијаш

Во среда (24.04.2024) во емисијата гостин ни беше Даниела Темелковска

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. ориз

300 гр. шеќер

500 мл. млеко

300 мл. вода

2 лажици масло за јадење

1 пудинг од ванила

малини за украсување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Обезбеден буџет за изградба на Турскиот театар-Скопје, завршени покривот и фасадата на објектот

Надворешноста на новиот објект на НУ Турски театар-Скопје – неговата фасада и покрив се завршени, и проектот за изградба продолжува во трета фаза во која ќе бидат поставени внатрешни инсталации за што е во тек јавна набавка за избор на изведувач.

Објектот во изградба денеска го посети министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која по увидот искажа задоволство затоа што, рече, процесот на градежните активности се одвива професионално, стручно и квалитетно и е „забележителен напредокот во изградбата на објектот особено фасадата и покривот“.

За сѐ што досега е реализирано биле издвоени 4,4 милиони евра или 274 милиони денари, а со новите инвестиции на Министерството за култура процесот ќе се финализира и, нагласи министерката, „наскоро очекуваме публиката да има нов театар“.

Гаранција дека театарскиот ансамбл наскоро ќе има свој дом, рече Костадиновска-Стојчевска, е обезбедена со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.

-Министерството за култура во три буџетски години – 2024, 2025, 2026, продолжува непречено да го финансира проектот за што се проектирани средства во износ од 6,1 милиони евра односно 380 милиони денари. Од буџетот на Министерството за култура за оваа година се обезбедени 1,7 милиони евра или 104 милиони денари. Со овие средства ќе се комплетираат градежните зафати, поставувањето инсталации, уредувањето на ентериерот и ќе се обезбеди стручен надзор за театарот да го добие својот облик и форма за да можат вработените низ уметничкото творештво да придонесат во уште поголема афирмација на македонската културата, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Нагласи дека оваа институција повеќе од седум децении придонесува за популаризација и афирмацијата на турската, но и севкупната култура.

-Затоа е потребен нов, современо опремен театар, достоен за реномето кое го имате и за целите што ги поставувате, рече министерката. Додаде дека активно се работи на реконструкција на голем број културни центри во земјава, а Владата е одлучна, рече, да ги заврши сите започнати објекти од културата со максимален квалитет и транспарентна постапка.

Директорката на Турски театар-Скопје, Ајлин Емин Скоро, соопшти дека втората фаза од изградбата е завршена и ќе се отпочне со третата фаза – внатрешните инсталации.

-Веќе е во тек јавната набавка која чекаме да заврши во законски рок, да се одреди изведувачот и веднаш да се почне со внатрешните инсталации – механиката, електриката, водовод и канализација. Објектот е замислен како културен центар кој ќе ги унапредува и афирмира јазикот и култура на турскиот народ тука, и во него ќе функционира и новоформираната национална установа Турски културен центар со галерии, изјави директорката на оваа национална установа.

НУ Турски театар-Скопје постои 74 години и до пред десетина години работеше во ист објект со Албанскиот театар-Скопје во тогашниот Театар на народностите. На таа локација во новоизграден објект сега работи Албанскиот театар-Скопје, а за Турскиот театар во 2015 почна изградбата на нова театарска зграда во близина на Железниччката станица. Додека трае изградбата на Турскиот театар, во изминатите десет години ансамблот ја дели сцената и работи под ист покрив со Театар Комедија.

Почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на екс-Ју

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Џаровски соработуваше со некои од најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена. Минатата година беше промовирана книга за неговиот живот, а авторка на книгата е неговата ќерка.

притисни ентер