СДСМ: Граѓанскиот концепт „Едно општество за сите" ги победува стереотипите

Нашето општество се менува на подобро. На многу подобро.

Граѓанскиот концепт "Едно општество за сите" ги победува стереотипите. Времето на поделби заминува во историјата.

Моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само во својот етнички кампус е поразен.

СДСМ ја гради најголемата, најразноликата и најмоќната предизборна коалиција до сега и токму затоа таа е победничка.

Предизборната коалиција со Движењето Беса е заеднички чекор со кој мултиетничкиот карактер на С. Македонија го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда.

Нашата визија за С.Македонија е економски силна и стабилна држава, праведна земја, членка на НАТО и ЕУ и тоа заедно со граѓаните ќе го оствариме.

Градиме општество кое се води од еднаквоста, праведноста и правичноста. Градиме држава во која има шанса за сите.

Победничка коалиција предоводена од СДСМ ќе работи макотрпно, посветено, истрајно со една и единтвена цел – за подобар живот на нашиот народ. За подобро денес и подобро утре на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро и многу повеќе!

СДСМ

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка. 

- Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана.

На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици.

Санчез до понеделник ќе размислува дали да остане шпански премиер

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека пет дена ќе се повлече од јавноста за да размисли дали да остане премиер, откако судот во Мадрид отвори истрага против неговата сопруга под обвинение за корупција.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријави 59-годишната Бегоња Гомез пред судот во Мадрид дека, како сопруга на премиерот, дала писма со препораки со нејзин потпис на претприемачите кои се пријавиле на јавни тендери.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес добила десет милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Претприемачот подоцна основал постдипломски курс кој го води Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, објави шпанската телевизија ТВЕ.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со компанијата “Глобалија“ (Globalia), која беше спонзор на тинк-тенкот „Africa Center del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез.

Шпанската влада употреби 600 милиони евра народни пари за да ја спаси авиокомпанијата „Ер Европа“, која е во сопственост на Глобалија.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница. /МИА

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

притисни ентер