Откажан карневалот во Струмица

Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот.

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.

Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

– Јас го откажав учеството на сите групи кои требаше да дојдат на карневалот. Цела ноќ не сум спиел и некои групи буквално ги враќав од границите. Планирам во текот на денот да одржиме прес-конференција со градоначалникот Коста Јаневски на која ќе соопштиме повеќе детали, рече Цицимов.

Дополнитено ќе се утврдат термини во кои ќе се одржат главните манифестации на Струмичкиот карневал.

На интернационалната карневалска вечер, што беше закажана за утре, требаше да учествуваат 46 карневалски групи од земјава и странство со над 1.200 учесници. /МИА

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер