Повеќе од 30 луѓе се заразени во Германија

Властите во Кина објавија за 327 нови случаи на заразени со новиот Коронавирус во изминатите 24 часа, како и за 44 лица починати. 

Така, вкупниот број заразени лица достигна 78.824 и починати – 2.788 лица, соопшти денеска Државниот комитет за здравство на Кина.

Дваесет и два нови случаја на Коронавирус се регистрирани во шест германски провинции, при што повеќе од 30 луѓе се заразени во Германија.

Прв случај на заразен со ковид-19 е регистриран во Белорусија и на Нов Зеланд.

За прв случај соопштија и властите во Литванија.

Германија го затвора времено амбасадата во Јужна Кореја каде се регистрирани над 2.200 заразени со новиот коронавирус.

Нигериските власти денеска соопштија за потврден случај на заболен од новиот коронавирус, прв во субсахарска Африка.

Во последното деноноќие вирусот на корона со забрзан интензитет се шири во светот. Меѓу новите земји во кои е појавен, првиот човек на СЗО ја спомена и нашата земја.

Потребна е агресивна акција за негово стопирање вели извршниот директор на СЗО, Тедрос Адхана .

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер