Тематскиот парк наречен ,,Остров Мечти" е изграден во форма на замок од 30 хектари во индустриската област на јужна Москва.Меѓу првите посетители на забавниот парк беа жителите на старечките домови и децата од сиромашните семејства.
Во придружба на градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан, Путин го обиколи паркот, разговараше со децата и се сликаше со нив.
Според Собијан, островот е изграден за три години на местото на фабриката за автомобили Лихаков. Покрај забавниот парк, сега постои и технолошки парк.
„Тоа е огромен тематски парк, најголемиот затворен забавен парк во Европа“, истакна градоначалникот.
Тој додаде дека станува збор за приватен проект во кој се инвестирани околу 1,5 милијарди американски долари.
Островот Имагинација е првиот во Русија и најголемиот затворен забавен парк во Европа. Руската верзија на Дизниленд ќе биде единствена во светот во однос на националните карактеристики.
Повеќе од половина од тематската зона ќе биде посветена на руските и советски анимирани филмови, но ќе настапат и ликови од западните земји: Шрек, Кунг Фу Панда, хероите од Мадагаскар и други.
Сепак, не се сите задоволни од рускиот Дизниленд. Проектот доби и критики за неговата екстравагантност и необичен дизајн, при што популарниот блогер Илја Варамов го смести на 7-то место на својата листа на 100 најгрди згради во Русија, пренесува Ројтерс.