Канаѓанец потрошил 140 000 долари и седум години на неговиот стар Голф (ФОТО)

Канаѓанец потроши седум години и голема сума пари за да ја оживее својата прва љубов - Golf GTI.

Фолксваген ќе ја претстави осмиот генерација ГТИ Голф на Саемот за автомобили во Женева за неколку недели, чиј преден дел неодамна беше официјално откриен. Оригиналниот Голф GTI е создаден во 1974 година, но пристигна во Соединетите Држави во 1983 година под името Rabbit GTI.

GTI и неговите привлечност оставиле силен впечаток на Дерек Спрат, тогаш 21-годишен студент од Онтарио, Канада, кој го купи својот нов Rabbit во 1984 година.

„Сите списанија за автомобили имаа ГТИ на насловните страници и пишуваа дека станува збор за автомобил што секој треба да го има“, вели Спрат. Тој го продал својот оригинален автомобил пред неколку години, но уште во 2011 година, овој поранешен извршен директор одлучил дека сака да поседува уште еден Rabbit, па почна да го бара совршениот примерок. Она што следува е приказната за вистински љубител на автомобили, пишува CarBuzz.

Во текот на седумте години, Спрат поминал повеќе од 12,000 часа во изменувањето на својот „ Rabbit “, документирајќи го процесот во повеќе од 180 видеа на социјалните медиуми. Тој проценува дека потрошил вкупно 140.000 американски долари на овој проект. Тој дури нашол и една копија што била направена истиот ден како неговиот оригинален автомобил.

„Сакав автомобилот да биде комплетен и беспрекорен во неговите карактеристики и можности“, рече тој.

Спрат работел на моторот, шасијата, системот за управување и сопирање, а исто така му обезбедил на автомобилот современи погодности како што се електрични прозорци, седишта со загревање, систем без клучеви, мултимедија и друго. Спрат, со стручна помош, инсталирал нов мотор со околу 220 КС, многу повеќе од почетните 90 КС.

„Имаше моменти кога се чувствував како овој проект ме јаде жив“, рече Спрат. „Ова е една од најекстремните и предизвикувачки работи што сум ги направил досега“.

Автомобилот, наречен Ultimate GTI by the Floor, бил комплетиран во 2018 година. Тој го испробал, го прикажал на неколку изложби и го возел семејството малку пред да го продаде на млада двојка од Ванкувер за многу помалку пари отколку што вложил во него.

„Ако ги враќате и менувате автомобилите за парите, треба да пронајдете ново хоби“, вели Спрат. „ Направив побрз и подобар автомобил отколку што беше порано, и ја посветив својата страст кон тоа цели седум години“.

Преизборната кампања продолжува во знакот на меѓусебните обвинувања

Продолжуваат меѓупартиските обвинувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку претседателската кампања.

По митизите на Силјановска и Пендаровски кадешто беа упатени навреди и пораки со потсмев на опонентите, се огласија и лидерите на партиите. За Мицкоски случајот со симпатизерот на митингот во Куманово ја покажал ароганцијата на Пендаровски, а Ковачевски ги осуди навредите, а за коментарите од Силјановска за неговиот прекар рече дека и простува.

-Со образ ѓон Стево аплаудираше на навредите, а Богданка се смееше. Какво дно од луѓе, каков е овој човек? Пендаровски покрај тоа што е арогантен, стана прототип на балкански женомрзец. фали уште Фрчковски да му се приклучи и да формираат клуб на женомрзци. Голем дел од тој притисок на Пендаровски му доаѓа од тоа што човекот е во небрано,-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ (Прилеп - 15.04.2024).

-Сакам многу јасно да го осудам секој говор на омраза кој е искажан кон било кој политичар или било кое лице во државата, особено кон жена. Сакам да упатам и порака тоа веќе да не се случува. За навредите кои ги има упатено кон мене претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ нема да коментирам ништо, освен што ќе кажам дека и е извинето од моја страна,-Димитар Ковачевски – претедател на СДСМ (15.04.2024).

За настанот во Куманово од митнигот во Прилеп говореше и Силјановска, а Пендаровски од Гази баба одговори за нејзиниот комнетар дека не го познава од студентските денови..

-Молкот кога се случуваше тој настап многу зборува. Таквиот говор, говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна политичка партија. Тоа е говор на некоја крајна десница која се служи со партијахалност и парохијалност,-Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ (Прилеп - 15.04.2024).

-Морам да ви признаам дека и ја не ја познавам од правниот факултет. Само еден семестар, мислам дека беше еден семестар во прва година кога бев на правниот факултет. Ми беше помлад асистент нејзиниот сопруг, потоа кратко време беше библиотекар на правниот факултет, и влезе потоа во приватни бизнис води, и знаете, понатаму стана еден од најголемите тензициски олигарси во Македонија,-Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ (Гази Баба - 15.04.2024).

Реториката на политичките ривали почна да се заострува на една недела пред првиот круг од претседателските избори. Во понеделник партиските карвани ќе го заокружат првиот дел од кампањата пред гласањето во среда на првиот круг, а ќе продолжат ден потоа до 6 мај кога ќе завршат паралелно кампањите и за претседателските и за парламентарните избори.

Продолжи штрајкот на приватните специјализанти, чекаат одговори од владата

Немаме партиска – имаме крводарителска книшка, вака приватните специјализанти му одговорија на ресорниот министер, Илир Демири кој обвини дека нивниот штрајк има политичка позадина. 

Тие втор ден денеска не се појавија на своите работни места, бараат регулирање на работниот статус, бесплатно здравствено осигурување и повисоки плати.

„Мотивите за овој штрајк се сите овие колеги позади мене што ги бараат основните услови за живот. Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија кој тоа треба да не мотивира за да ние си ги бараме основните човеки права кои што ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од ниедна партија. Единствена книшка што јас ја имам дома е крводарителска книшка,“ изјави: Христина Илиоска Чешлароска – приватен специјализант.

И додека здравствените работници си ги бараат своите права преку протести и штрајкови, болниците постојано се полнат од пациенти, а се празнат од доктори. Поддршка приватните специјалзанти денеска добија и од граѓани кои се затекнаа во дворот на клинички центар. Граѓаните револтирани велат доктори немаме, резултати чекаме со часови, терапија со денови.

„Луѓево чекаат со саати за да дојдат до хемотерапија, а башка што влегуваат преку ред, дајте нека ги примат тие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе, дајте малку да се направи нешто за овие млади луѓе. “-изјави Роднина на пацинет.

Приватните специјализанти со години алармираат за нивните проблеми, но освен ветувања од надлежните досега не им е исполенто ниту едно нивно барање. Сметаат дека трајно решение на проблемот е во трансформацијата на договорите, односно сите приватни специјализанти да станат државни и реформирање на моделот на приватни специјализации. Министерот за здравство, меѓу другото вчера рече дека ги разбира барањата на специјализнатите, но побара трпение од нив и најави решавање на нивните проблеми по изборите.

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира

Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации. /МИА

притисни ентер