Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

 Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго".

Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.

ДИК: Силјановска Давкова 39,50%, Пендаровски 19,30% од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 74,72 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 39,50%

На второ место е Стево Пендаровски со 19.30 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 14,38 % , Максим Димитриевски 8,47% , Арбен Таравари 10,24 % , Билјана Ванковска 4,46 % и Стевчо Јакимовски 0,84%.

Стево Пендаровски

128.423 | 19,30%

Гордана Сиљановска Давкова

262.871 | 39,50%

Стевчо Јакимовски

5.564 | 0,84%

Бујар Османи

95.682 | 14,38%

Билјана Ванковска Цветковска

29.657 | 4,46%

Арбен Таравари

68.153 | 10,24%

Максим Димитриевски

56.370 | 8,47%

Османи: Остваривме голема победа низ целата држава

Кандидатот за претседател на коалицијата на ДУИ , Бујар Османи објави дека победил во голем број општини.

Европскиот фронт победи во голем број општини , рече Осдмани и додаде дека коалицијата остварила голема победа, на што им се заблагодари на граѓаните.

(21.40 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 76% : Силјановска 306424 , Пендаровски 149763 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 76 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 150.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер