Дел од граѓаните не ги слушаат препораките за смиреност- делуваат водени од стравот

И покрај смирувачките пораки од властите, стравот од коронавирусот почна полека да ги празни улиците во главниот град, но и рафтовите по маркетите.

По вчерашната вест за првиот регистриран случај во земјава забележлива е помала фреквенција на улиците, а голем дел од граѓаните утринава излегуваа од продавниците и пазарите со торби полни со намирници за јадење и лична хигиена.

Дека е значително зголемена побарувачката потврдуваат и трговците. Се трошат и залихите кои стојат во магацините. Најмногу се купува брашно, конзервирана храна, зејтин, сапуни и антибактериски марамици.

Дел одграѓанитесе чуствуваат исплашено, други пак сметаат дека заканата не е толку сериозна и нема потреба од паника..

Психологот Мирјана Јовановска Стојановска вели дека е нормално луѓето да се грижат за своето здравје, но смета дека мерките кои се предвидени за заштита се доволни за да ја намалат веројатноста за зараза. Вели дека сите треба да сме внимателни, но не треба да се доведуваме во состојба на паника.

“Кога нешто што сме го стискале сме го потискале наеднаш ќе излезе како огромна загриженост, како анксиозност, како едно панично однесување – леле ајде да се обезбедиме. Затоа што што ако се обезбедиме со брашно и со храна, ќе направиме карантин и ќе се затвориме домаи нема да излегуваме ? Брашното нема да направи ние да не фатиме вирус, постојат мерки како да не фатиме вирус. “изјави Мирјана Јовановска Стојановска – психолог.

Освен маркетите, веќе со денови се празнат и аптеките, речиси да не може да се најдат заштитни маски и алкохол за дезинфекција, а таму каде што има, според сведочења на граѓаните на социјалните мрежи, се со покачени цени.

Освен граѓаните, и инситуциите и јавните прептријатие преземаат засилени мерки за заштита.. Вонредна деизфикција правата некои градинки, училишта, болници, а ваква мерка презема и ЈСП Скопје, со темелна дезинфекција на автобусите и жичарницата..

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер