ВМРО-ДПМНЕ: Народот силно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира

Правдоубиецот Зоран Заев се соочи со гневот и револтот на нашите граѓани. Затоа се крие и молчи.

Фатен е на дело како договара судски одлуки и активности на обвинителството. Тоа е јасен показател како Луј Витон власта, креирала Луј Витон судство кое треба да ги штити за криминалите корупцијата, рекетот којшто го прават, но и да ги заштити и за торбите со милиони кои ги изнесувале од нашата земја.

Затоа имаме ситуации кога насилникот Курто Дудуш поминува само со опомена, затоа имаме ситуација шверцерот-градоначалник Боро Марлборо да помине само со три месеци затвор, затоа имаме ситуација Вилма Русковска да не покренува случај за очигледен поткуп на гласачи во Струмица.

Оттука е јасно зошто Русковска и Јовевски се уште не го повикале Зоран Заев да даде барем исказ во обвинителството за скандалозното мешање на Заев во судската власта, за неговата улога во финансирањето на Телевизијата на Боки 13 или за средбите на Вице Заев со Зоран Милески -Кичеец.

Замислете Русковска вчера дури посочи дека тоа што Вице Заев имал средби со Кичеец во период кога рекектот бил во полн ек, за неа не било доволна индиција.

За Русковска е нормално Боки 13, без поддршка на власта, да изрекетира десетици милиони евра. Епа нормално е кога се работи за Луј Витон судството. На дело се гледа спрегата помеѓу Мафијата, Заев и судските власти во Република Македонија.

Затоа народот јасно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира. Тоа е возможно ако се почне со покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, заради мешање во обвинителски и судски постапки, како и мешање во одлуки на Врховниот суд.

Тоа е можно со итна и неодложна ревизија на работата на сите Врховни судии без исклучок и ревизија на сите нивни одлуки.

Тоа е можно само со итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош.

Заев ги губи претстојните избори. Тоа е јасно како ден, па дури и на членовите на СДСМ. Колку побрзо Заев се помири со тоа, дотолку ќе биде подобро за Македонија и за нашите граѓани.

Говорник: Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи, во фокус на сесијата на Работната група - 4, Поглавје 24.

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа во Скопје, Кристиан Туркаљ, правен експерт за Западен Балкан, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска, сподели дека за да се оди забрзано на патот кон ЕУ, потребно е да се остварат некои претпоставки, како што се одлучност и консензус за реформи.

- Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече тој.

Во однос на прашањето дали тие тешки одлуки се уставните измени, тој одговори дека не би зборувал конкретно за Македонија, но, дека тоа било случај во Хрватска.

- Во случајот на Хрватска тоа вклучуваше, да, и измени на Уставот кои потоа овозмжија примена на Европските прописи во Република Хрватска, дополни тој.

На сесијата, Туркаљ посочи дека треба да се препознае и да се искористи шансата. Тој потенцираше дека независните тела во правосудството мора да имаат капацитет кој опфаќа доволен број на кадар, но, и способен кадар кој што знае да постапува.

Според него, стагнацијата на напредокот може да доведе до блокада и доколку нашата држава сака да оди напред, таа треба да го стави целиот интелект на овие поглавја.

Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и координатор на работната група, на сесијата истакна дека основната порака е дека сме свесни дека состојбите на правото се под мониторинг и дека треба да се проучи механизам за владеење на правото, односно, како што рече, „околу што се врти целата оска“.

- Треба да ги читаме извештаите и директивите што ги даваат другите држави и ЕУ. Имате фиксни параметри што треба да ги исполните, тука може да земеме пример од држави кои добиваат забелешки, а се слични на нашиот систем, да видиме како се соочуваат и да стигнеме до решенија, рече таа.

Во изјава за медиуми по воведните обраќања, таа истакна дека е неопходно да ја почитуваме предлог-директива која е дел од иницијативите на Европската Комисија за зајакнување на антикорупциската рамка и борба во Унијата против корупцијата.

Образложи дека како препорака од денешната дискусија ќе произлезе надлежните министерства, конкретно Министерството за правда, да ја разгледа предлог-директивата и да предложи повторни измени на КЗ, бидејќи, како што рече, ако го чекаме донесувањето на новиот КЗ, тоа ќе потрае.

- Оваа предлог-директива борба против корупцијата, иако не е финален документ, и нас не нѐ обврзува, не треба да заборавиме дека сме во процес на евроитнеграции, усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, па дури и она што е во фаза на предлог, бидејќи е израз на политиките на ЕУ. Во таа предлог директива, дадена е минимална листа на кривични дела на корупција кои што треба да бидат инкриминирани во кривичните законици на земјите членки на ЕУ, вклучително и делото „злоупотреба на службената положба и овластување“. Нешто што во јавноста беше предмет на дискусија дали воопшто треба да постои како дело, рече таа.

Дополни дека во поглед на предложените казни, тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот Кривичен законик, и како што рече, тие особено се намалија кај делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ со измените на КЗ од септември 2023. Предлог-директивата, како што дополни, е донесена во мај 2023 година.

Трпе Стојановски, НКЕУ-МК експерт, професор на Факултет за безбедност, УКЛО – Битола, потенцираше дека ако една држава сака да покаже перформанси, одржливост и борба против корупција мора да инвестира во квалитетна јавна администрација.

По воведните обраќања дел од сесијата е експертска анализа пос која ќе има презентација, дискусија и усвојување на препораки.

Јанчев: Кавадарци станува зелена општина

Кавадарци станува зелена општина – вели градоначалникот Митко Јанчев. 

Изминативе години реконструирано е јавното зеленило на површина од 130.000 метри квадратни, рече меѓудругото првиот човек на Општина Кавадарци.

Целата изјава на градоначалникот Јанчев, погледнете ја во видеото.

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации ...

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила - зајакнати капацитетите во изминативе години.

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид.

-Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување на нивото на здравствена заштита, рече министерот Демири.

Со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во зздравствената установа.

-Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите, изјави заменичката Манолева.

Со цел подостоинствени услови за пациентите и вработените, потпишан е договор за поправки, санација на објектот „Маларична“ со примена на дограма, фасада, кров и партерно уредување. Исто така, спровена е постапка за санација на објектот амбуланта Белчишта во вредност од 7.665.280.00 денари од сопствени средства.

притисни ентер