Ослабнала 50 килограми и станала Мис на Велика Британија (ФОТО)

Џен Аткинс е новата Мис на Велика Британија. Русокосата 26-годишна жена стана најубавата жена во земјата, откако изгуби неверојатни 50 килограми.

"Не можам да поверувам. Ако некој ми го кажеше ова пред три години, би помислил дека е луд", вели Аткинс, која рече дека живеела од испорака на храна пред неколку години. Откако донела цврста одлука да го смени својот животен стил и да ја замени нездравата храна со здрава, килограмите почнаа да се топат.

Џен исто така била редовна во теретана и дека од масно ткиво може да станат мускули, и станало јасно пред две години кога ја освои наградата на локалниот избор за убавина. Таа реши да тренира уште повеќе и за две години го оствари сонот на многу девојки.

„Ништо не е невозможно со волја и напор“, им рече Џен на сите.

Less than 6 weeks until the @missgb_official finals - the 75th Anniversary final 👑 what an incredible honour to be part of such a huge event! What’s my story? Well, after years of being obese, unhealthy and uncomfortable I found motivation and managed to lose 8 stone. It transformed me into an ambitious and hard working person in all areas of my life; achieving something so incredible changed my mindset and made me realise if I worked hard enough for something, I could achieve it. Believe in yourself, put the hard work in, stay positive and make your own dreams a reality ✨ #motivation #weightloss #transformation #missgbfinalist #begreat #hardwork #misslincolnshire #beautyqueen #misconception #happiness #health #healthybodyhealthymind

A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

притисни ентер