Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

ВМРО-ДПМНЕ: Железната тупаница на СДС и ДУИ за прогон Катица Јанчева стана фабрика за рекет

Железната тупаница на СДС и ДУИ за прогон Катица Јанчева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спаси од црната листа.

Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јаева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност.

Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД.

Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црнста листа за криминал на САД.

Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија.

Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации.

Сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црнста лица на срамот и криминалот.

Од друга страна симтоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот.

Јасно е дека време е за промени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Схинас: Египет е столб на стабилност во регионот, Договорот со ЕУ е голем историски потег

Схинас посочи дека „не гледаме секој ден пет премиери од ЕУ и претседателката на Европската комисија заедно и координирано да посетуваат трета земја за да потпишат договор од таков обем“.

Договорот ЕУ-Египет не е само за мигрантското прашање, туку опфаќа широка програма за поддршка на египетската економија и навистина претставува голем историски потег, истакна потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Схинас посочи дека „не гледаме секој ден пет премиери од ЕУ и претседателката на Европската комисија заедно и координирано да посетуваат трета земја за да потпишат договор од таков обем“.

-Иако често се претставува како договор за миграцијата, Договорот ЕУ-Египет е сеопфатно стратешко партнерство кое не ја опфаќа само миграцијата, туку и широка програма за поддршка на египетската економија. Египет е столб на стабилноста во регионот. Со овој договор му помагаме на Египет да застане на свои нозе, во економијата, на пазарот на трудот, во животната средина, во енергетиката. Тоа е навистина голем историски потег, рече Схинас.

За мигрантското прашање истакна дека „улогата на Египет во управувањето со миграциските бранови е клучна за Европа“, иако, како што објасни, од оваа земја нема пристигнувања во Европа, туку „проблемот е на границата меѓу Египет и Либија, каде што е потребна поголема контрола“.

Во однос на ситуацијата на грчкиот остров Гавдос, каде што во изминатиот период имаше зголемени мигрантски бранови, потпретседателот на ЕК рече дека „не сме до точка да говориме за загрижувачка ситуација“, како што беше случај на италијанскиот остров Лампедуза.

-Ако има влошување на ситуацијата, имаме искуство, средства и волја за да се справиме со тоа, посочи Схинас.

ТЕЦ Неготино нова подружница на АД ЕСМ

Кога започна енергетската криза, Владата на Република Македонија даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза.

Согласно изготвената анализа за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ Неготино, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал.

Енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Исто така треба да се има во предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ - Скопје е целосно оправдан и реализиран.

Кога започна енергетската криза, Владата на Република Македонија даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31 Декември 2023 година произведе 346.248 MWh.

Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, АД ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата.

Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година. Последен пат претходно работела во производството на електрична

енергија во 2009 година, за во 2022 година по 12 години пауза како „ладна резерва“, во услови на енергетска криза да биде вклучена за само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.

АД Електрани на Македонија

притисни ентер