Колку автомобили Ферари F40 има султанот од Брунеи? (ВИДЕО)

Најневеројатните гласини кружат околу колекцијата на овој азиски султан, и еве ја вистината.

Султанот од Брунеи има многу автомобили, а неговиот случај на „автоматска зависност“ резултираше со некои од најинтересните Ферари досега направени

Car Throttle го истражуваше Мекларен Ф1 и направи одличен анимиран филм што дава точен и комплетен список на сите F40-ти што го изменил Брунејскиот султан пред да ги земе од фабриката.

Познато е дека султанот долго време го трошел своето нафтено богатство на специјални автомобили. Покрај споменатите Мекларен Ф1, тој нарачал и SUV од Бентли, а пред да пристигне Бентајга, собираше Ферари 456 и Мерцедес С-класа, бројни уникатни Астон Мартин и други интересни возила. Сепак, еден од неговите поголеми проекти е креирање на колекцијата Ferrari F40.

Но, ова не се обични F40. Султанот сакал неговите автомобили да имаат волан на десната страна и да бидат целосно во кожа, како и да бидат во бои кои не се предвидени за овој познат црвен автомобил со ограничено производство. Ферари не би го направил F40 на тој начин, но компанијата со задоволство ги менуваше за да бидат по мерка на богатиот клиент.

Резултатот беше колекција на F40, кои ги имаат скоро сите имаат управувач од десната страна, сите со кожни ентериери и бои што не се вообичаени.

Се сметаше дека султанот имал помеѓу шест и десет модифицирани F40-ти и се знае дека продал два во Европа преку Таларест. Ги има единаесет , од кои седум се трансформирани според желбите на султанот , уште два F40 LM, од кои едниот е црн со црвена лента, и уште два што очигледно никогаш не ја напуштиле Европа – жолт и сив со волан на десната страна. Гарела вели дека овие автомобили биле направени пред да пристигне во Пининфарина, така што нивната точна историја останува делумно тајна.


Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер