За две години преку грантови отворени 2,5 илјади микробизниси, над 90 отсто од нив се се уште активни

Две и пол илјади микро бизниси биле отворени во изминатите две години преку оперативните мерки за вработување. 

Од нив, 93 отсто што биле отворени во 2017 се активни, а се уште работат и 99 отсто микро бизниси отворени во 2018 активни. Со оперативните мерки во изминатите две години се постигнати околу 60 илјади нови вработувања. Поради добрите резултати за оваа намена за годинава се издвоени 1,4 милијарди денари.

-Ова покажува дека навистина оваа инвестиција за самовработување, отворање на микробизниси им дава шанса на младите луѓе од една страна да се самовработат, да станат активни на пазар на труд, но понатаму развивајќи го својот бизнис да станат и вработувачи и да вработат други млади лица или други невработени лица, изјави денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска која беше во посета на бизнис отворен со грант за самовработување.

Со оперативните мерки за вработување, додаде таа, во изминатиот период се вложени финансиски средства што даваат резултати, а искористеноста од страна на Агенцијата за вработување на финансиските средства изнесувала повеќе од 97 проценти.

-За 2020 година издвоени се 1,3 милијарди денари од Буџетот и уште од прилика 100 милиони од нашите партнери што постојано ги поддржуваат овие мерки за вработување, тоа се УНДП, УНОПС и останати партнери коишто навистина сметаат дека вработувањата во нашата држава се приоритет, истака Царовска додавајќи дека со сите мерки за вработување што директно инвестираат во преквалификација, доквалификација намален е процентот на невработеност од 22,1 на рекорден 17,1 процент.

На ваков начин, додаде Царовска, постигнати се околку 59.000 вработувања за само две и пол години.

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ рече дека оперативниот план со активни мерки за вработување има три главни фокуси, едниот фокус на млади до 29 години, вториот за еднаква застапеност на жени и мажи во однос на искористеноста на средствата и третиот на рамномерната регионална застапеност.

-Она што нас не радува изминатите две години е што гледаме дека мерките се навистина добро таргетирани во однос на искористеноста и потребите на младите и жените затоа што доколку зборуваме за реализација на мерките во 2019 година ќе видиме дека половина од вкупното учество во сите активни мерки за вработување се токму младите девојки и жени и тоа нас особено не радува имајќи ја предвид високата економска неактивност на жените во нашата држава, рече таа.

Таа појасни дека и за мерката субвенционирање и за сите останати мерки главен критериум е минимум 30 проценти учество на млади жени. -Реализацијата покажува дека половина од тие што ги користат мерките се млади жени што нас не охрабрува и упатува дека треба да продолжиме во овој правец. Во моментот е отворен повикот грантови за самовработување за 2020 година и само би ја искористила приликата да ги повикам и охрабрам сите млади девојки и жени да го следат овој пример и да аплицираат за оваа мерка, рече Шкријељ.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјан Јовановска рече дека институцијата со која раководи е подготвена за реализација на Оперативниот план 2020 година. Информира дека во моментов се активни мерките практиканство и самовработување, и најави дека од оваа недела ќе стартуваат и останатите мерки.

-Ние сме тука на сите заинтересирани да им дадеме максимална поддршка за 2020 година да ги контактираме и да им кажеме кои се можностите, што може во оваа година и во иднина да ги искористат од страна на државата, рече Јовановска.

Таа истакна дека има голем интерес за мерката за самовработување и оти за само една недела имаме над 1.200 апликации.

-Иако имаме предвидено 1.364 самовработувања првично ние тука не застануваме. Исто како и во изминатата година доколку имаме голем интерес, а факт е дека има голем интерес, од Буџетот ќе се обезбедат дополнителни средства за оваа мерка и доколку има поголем интерес од предвидениот опфат истите ќе бидат реализирани и поддржани, рече Јовановска.

Меган Фокс покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм на која позира без шминка.

Нејзината објава за еден ден им се допадна на повеќе од милион луѓе.

„Многу си поубава без шминка“, „Прво мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Некои изгледаат исто со и без шминка. Меган е една од нив“, „Одлична фотографија“, „Треба да си без шминка почесто“, ѝ пишувале луѓето во коментарите.

Инаку, Меган неодамна ја промени фризурата. Откако извесен период се појавуваше во јавноста со розова коса со средна должина, сега има екстензии во тиркизна боја.

На следбениците им се допадна нејзината промена. „Одам на фризер со твојата слика“, „Секоја фризура ти стои убаво“, „Косата ти прилега со очите“, „Сега морам да ја фарбам и косата“, ѝ рекле.

Инаку, 37-годишната актерка многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Митрески: Продолжуваме со раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата 600 евра

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. “

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.

„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.

Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!, рече Јован Митрески, носител на ИЕ5.

притисни ентер