Памела Андерсон призна колку пари добила од краткотрајниот сопруг

Отако американските медиуми објавија дека Џон Петерс, мажот кој само 12 дена беше во брак со Памела Андерсон, тврди дека ја вратил актерката и и купил нова гардероба, се огласи и Памела.

Таа призна дека од него добила стотина илјади долари, но негираше дека тој и платил какви било долгови.

"Не ми треба никој да ми ги плати сметките. Имам куќа во Малибу во вредност од 10 милиони долари што ја изнајмував две години, а така ќе биде и следните три до пет години. Заработувам 40 000 долари месечно само од тоа. Тоа е повеќе од доволно за да ги платам сметките и да ги покријам трошоците “, изјави Памела за„ Ladysmith Chemainus Cronicle “, локален весник на канадскиот град Ладисмит каде актерката моментално живее.

Таа додаде дека има и други извори на пари и инвестиции.

„Мислам дека е најдобро да се инвестира во недвижен имот. Тој не се согласуваше. Тој се однесуваше како да сум наивна девојка“, рече Памела.

Дејли Мејл пренесува дека менаџерот на Памела, Мајкл Улман, потврдил дека ги покажал даночните приходи од Питер од последните три години и му ги покажал месечните трошоци и сметките за да ја докаже нејзината финансиска стабилност.

Питерс и дал пари на Памела Андерсон како „гест на добра волја“, рече таа.

„Тие пари, како и сите мои заштеди и дополнителни пари, завршија во мојата фондација“, рече Памела.

Истиот весник го објави ставот на Петерс кој демантира дека некогаш рекол дека ги платил долговите на Памела, наведувајќи дека не разговарал со медиумите.

"Не сум разговарал со никого во медиумите. Ја сакав оваа жена уште од 20 годишна возраст. Сè уште ја сакам. Ние сме пријатели и секогаш ќе останеме. И помогнав кога и требав, но тоа е помеѓу мене и неа. Мислам дека таа е прекрасна и тоа е сè што ќе кажам “, рече Петерс.

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат .

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

-ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“, соопштија од ССМ.

( СТАВ ) Кој победи а кој изгуби на вчерашните претседателски избори, круг бр.1?

Вчера имавме прв круг на претседателски избори, а вистински победник беше нашата заедничка Македонија. Имаше и други поголеми и помали победници и губитници, а следниот текст е еден кус сублимат на настаните кои и претходеа на вчерашната вечер.

Победниците ја пишуваат историјата? Не … губитниците ја детерминираат историјата.

Еве една куса моја анализа:

1. Вчера победи Македонија, граѓаните кои особено изминативе 2 години доживуваа сериозни општествено-интелектуални понижувања од власта, особено од македонскиот партиципиент во истата, која дозволи бескрупулозно девалвирање и девастирање на сите претходни „придобивки“, особено Охридскиот рамковен договор. Зарем некој мислеше дека Македонецот ќе премине преку фактот дека имаме директорка на Токсикологија која наводно „не знаела“ да говори Македонски, зарем никој не ги слушна „тапаните на војната“ од 2001 год. кои повторни ни заѕвонија во ушите и тоа од устата на тогашниот „борец за човекови права“ Али Ахмети, кој пред само неколку дена скандираше УЧК пред толпа граѓани кои вееја знамиња на УЧК и Албанија?

Но овие два настани беа само последните шајки во „политичкиот ковчег“ на СДСМ.

Кој од СДСМ ја дозволи оваа општествена и морална девалвација? … одговорот е јасен.
Рекети, Рашковци, Соравии, Бехтели, пасоши и лични карти, Бугари во Устав, Онкологии, Токсикологии, Бокиња, Кикиња и Фрикиња, Дуизација, Албанизација, т.н. лажни анкети, и што уште не … реално, резултатот на Пендаровски и не е лош после сите овие моменти, тој само ја плати цената на Шилегов, но овојпат сметката беше побааги долга, а додаток му беше – купонче, но без попуст за 8ми мај. Прашањето е – дали ќе успее да биде викнат „да се јави на главна каса“ за две недели. Најважно, СДСМ имаше кампањски наратив кој им беше „свилениот конец“, а тоа е ЕУ. Дополнително, поелбата на Проруски и ПроЕУ политички субјекти и граѓани им се тресна од глава на СДСМ.
Неуспехот за почеток на преговори со ЕУ никако не може да се припише на сите други граѓани на Македонија а од ПР аспект – тоа беше најлошиот изборен наратив во последните 4-5 циклуси.
Зарем некој ќе се откаже од иднината, ќе се откаже утре да се разбуди жив и здрав и помалку среќен? Зарем некој можеше да поверува во ветувањата за подобра ЕУ иднина со овој институционален административен апарат кој се гуши во скандали и криминали?

2. ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска се најголемите победници на вчерашниот прв круг претседателски избори со неверојатни 180.000 гласови предност!
Феноменот на т.н. „колатерален ќар“ ја доведе лидерот и партијата до вчерашната еуфорична победа која е базирана на огромен број „невмровски“ гласачи и на разочарани „комуњари“, интелектуалци, неопределени и незаинтересирани граѓани кои одлучно одговорија на сите аномалии опишани во точка 1.

Старечки мудро, Мицкоски ги остави политичките опоненти да тонат во сопствената коруптивна кал изминативе неколку години, суптилно контролирајќи ги огромниот број градоначалници, со цел нивните скандали да не бидат негативен наратив за владејачката СДСМ.

Но, не може и не смее да не му се одаде почит на Христијан Мицкоски за вкалкулираното политичко „хазардерство“ и интелектуална стаменост, кој во многу важни моменти одигра „all in“ кога политичарите од сите други таботи ги фрлаа картите на масата и се откажуваа. Тивко и трпеливо ја билдаше својата позиција која опонентите се обидуваа да му ја раздрмаат со разни Сашиња, Филипчиња и уште неколку кои сè уште се околу него во партијата и од таа микро победничка позиција успеа да влезе во полуфиналето на натпреварот со сериозна предност и тоа на „гости“.

Гордана Силјановска беше поискусна за 4 години, и заедно беа одличен тандем кој успеа да го продаде наративот на „гордост“ и „наша“ Македонија.

3. ЗНАМ и Максим Димитриевски, ова се за мене сериозните победници на вчерашните избори, „човек партија“ која успеа за само 6-7 месеци политички живот како партиски субјект, да ја декласира Левица, освојувајќи речиси двојно гласови од Ванковска, со што си отвора пат за еден нов, уникатен, досега незабележан политичар, кој во стомакот има национал-патриотизам, во устата има државништво, а во срцето има македонско вистинско левичарство.

За негова среќа, тој е во позиција сега да биде дополнителен керозин на неговите носители во сите 6 ИЕ, и доколку овие две недели успее да биде присутен насекаде во Македонија, може да биде свеж воздух во политичката македонска какафонија.

И да, ЗНАМ навистина може да прерасне во сериозна трета македонска опција, која доколку се постави на здрави нозе, но не само на нозете на Максим, ќе биде прагматичен политички фактор во наредните 4-5 години.

4. Левица и Ванковска, ова е една сериозно тажна слика за еден неуспешен идеолошко-корпоративен „брак“.
Кавгите, навредите, заканите за многу физички и правни субјекти од страна на Апасиев, но и навредите од страна на Ванковска, не останаа нерегистрирани од оние кои се вистински гласачи на избори … а тоа не се т.н. „Facebook херои и тинејџерски следбеници“. Големиот број на негови гафови од типот--посета и поклон на гробот на Енвер Хоџа, диктатор кој зацрни многу македонски и албански семејства, за мене смешниот чин во Собранието со фрлање листови и кршење на монитори, потоа забраната за истакнување на знамето од Кутлеш, за на крај да имаме јавни сведоштва на екс-високи членови на Левица кои биле разрешени или си дале оставка поради карактерот и темпераментот на Апасиев, кој го не го опишаа баш како позитивен.


ВМРО-ДПМНЕ веќе е на 10.000 километри и лета на крилјата на вчерашниот резултат, и сега останува прашањето - дали Мицкоски и екипажот можат да освојат 61 пратеник?
Сериозно и навистина важен е и распоредот на пратеничките места кај партиите на етничките Албанци...доколку разликата е во корист на ДУИ и е помала од 4-5 пратеника, Мицкоски ќе биде релативно комотен да прави влада со Вреди ,но доколку таа разлика биде поголема, тогаш собраниската математика ќе биде со уште најмалку 2 непознати.

А да, мислам дека резултатите на 8ми мај ќе го детерминираат следниот лидер на СДСМ, кој ќе има „ѓаволски“ тешка задача.

Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра

„Портретот на госпоѓица Лизер“, сликан но недовршен од австрискиот сликар Густав Климт, вчера е продаден на наддавање во Виена, за 30 милиони евра.

Климт не го завршил своето дело бидејќи починал. Само една година пред неговата смрт во 1918 година, богатиот еврејски индустријалец Адолф Лизер го нарачал овој портрет. Долго време се мислеше дека ова дело е изгубено, но всушност со десетлетија било изложено во приватна вила во близина на Виена, објави порталот „Еуроњуз Србија“..

Долго време се разговарало и за тоа која е всушност жената на сликата и што се случило со сликата за време на нацистичкиот период, па мислењата и претпоставките посочуваат дека таа е една од ќерките на Адолф или неговиот брат Јустус Лизер.

Во јануари годинава, аукциската куќа „Им Кински“ го изложи „Портретот на госпоѓица Лизер“ со проценета вредност од 30 до 50 милиони евра. /MИА

притисни ентер