Последни подготовки пред првите испораки на најсилниот и најскап сериски автомобил (ВИДЕО)

Податоците покажуваат дека во моментов нема посилен автомобил на пазарот. Веројатно ниту побрз, ниту поскап.

Шегата настрана, но ако во последно време се зборуваше за хиперспортски автомобил, тогаш тоа е оној на Лотус. Интересот одамна го надмина борјот на фан-клубот на електрични автомобили, особено затоа што тие решија да покажат мал сегмент од возењето надвор од патеката на Лотус.

Со 2000 КС и 1700Nm е навистина најсилниот сериски произведен автомобил. За помалку од 3 секунди стигнува до 100 км на час, што не е најбрзо, но со 9 секунди до 300 км на час е на врвот. Опсегот е 400 км. Послабата и потешка C_Two е побрза, но конечните бројки треба да се почекаат до премиерата во Женева.

Сепак, интересот е оправдан и поради рекрдната цена од околу 2 милиони евра.

Лотус вели дека првите испораки започнуваат ова лето. Само 130 примероци ќе бидат рачно направени во еден нов производствен погон. Најновиот и наводно најнапредниот производствен погон го осветлуваат 30.000 LED диоди, а во изградбата учествувале дури 50 експерти, кои ги дефинирале параметрите на проектот, но исто така ја надгледувале и изградбата.

Проверете што велат Мет Вотсон и Карвоу за овој автомобил.

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер