Спасовски на средба со претседателот на парламентарната група Renew Europe

Силна поддршка за нашата држава, со порака дека е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ, била пораката од европратениците. 

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и од министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, се сретна со претседателот на парламентарната група Renew Europe, (Рињу Јуроп) во Европскиот парламент, Дациан Циолос, придружуван од Илxан Кјучук, европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и од Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

Пренесена е силна порака за јасна поддршка на очекуваното отворање преговори на Македонија со Европската унија - и на билатералната средба помеѓу двете делегации и на заедничката прес-конференција што ја имаа премиерот Спасовски и претседателот на Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос.

На прес-конференцијата, претседателот на Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, соопшти дека оваа парламентарна група, инаку трета по големина во Европскиот парламент со претставници од најголем дел од земјите членки на ЕУ, го поддржува процесот на проширување на Европската унија и смета дека Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ, затоа што ги исполни сите побарани критериуми.

Исто така, беше пренесена и пораката за определеноста на Европскиот парламент да гради партнерски однос со нашата држава во пристапниот евроинтеграциски процес, на којшто се гледа како на можност за усогласување на законодавството со цел реформи што даваат резултати за граѓаните на нашата земја, но и како на достапност до пристапните фондови на ЕУ во интерес на квалитетот на живот на нашите граѓани.

Порачано е и дека од нашата држава се очекуваат мирни, фер и демократски избори и политичка кампања спроведена со позитивна реторика, што ќе биде значајно за Извештајот што го подготвува Европската комисија за земјава.

Премиерот Спасовски и на билатералната средба и на прес конференцијата изрази благодарност до претставниците на Renew Europe (Рињу Јуроп) и до Европскиот парламент за охрабрувачките поддржувачки пораки за европерспективите на земјава, по позитивните сигнали со поддршка за нашата земја од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, од еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји и од другите европски претставници, при посетата, пред неколку дена, на Брисел.

„За нас е многу значајна поддршката што ја имаме од Европскиот парламент, кон којашто со ист интензитет е придружена и поддршката на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп).

Со нашите пријатели од Renew Europe (Рињу Јуроп) споделивме заеднички став дека очекуваната позитивна одлука на Европскиот совет за нашата земја, заедно со новата методологија, ќе го врати кредибилитетот на ЕУ и ќе обезбеди кохерентен и предвидлив процес на пристапување, што нема да ја загрози одржливоста на досега постигнатите реформски резултати на Македонија.

Тоа ќе ја потврди исправноста на нашата определба да бидеме полноправна членка на ЕУ, како што го заокружуваме полноправното членство во НАТО.

Затоа, и во оваа прилика, преку европските пратеници, упатив порака до сите земји членки на ЕУ да донесат позитивна одлука за отворање преговори", рече премиерот Спасовски на прес-конференцијата.

Претседателот на Владата, Спасовски, ги истакна позитивните сигнали и охрабрувањето за нашата посветеност и доследност во спроведувањето на реформски потфати како мотивација за испорачаните нови аргументи, со цел приближување до почетокот на преговорите со ЕУ.

„Ние покажавме политичка зрелост и институционален капацитет за сериозни реформи, дури и во предизборниот период. Во наредниот период очекуваме исто таква зрелост од државите членки на ЕУ, за да не се даваат аргументи за зајакнување на националистичката и антиевропската реторика во земјава, што може да ги стави во ризик Договорот од Преспа и реформските процеси.

Владата остана доследна на реформскиот курс и на европските политики. Ги заокруживме реформите во правосудството со донесувањето на Законот за јавно обвинителство и тоа е чекор поблиску до ефикасна борба со организираниот криминал и корупција. Распишани се избори и оваа Влада ќе направи сѐ за да се организираат и спроведат слободни, фер и демократски избори", изјави премиерот Спасовски.

Тој соопшти дека со претседателот на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, е споделен ставот дека конкретната перспектива за пристапување на нашата држава во членство на ЕУ, е важна за стабилноста и безбедноста и во поширок регионален контекст, за преку носењето мудри одлуки да се прати порака дека преку дијалог може да се решат сите отворени прашања и конечно земјите да се посветат на развојот на економијата.

Во одговорите на новинарските прашања, претседателот на парламентарната група Renew Europe (Рињу Јуроп), Циолос, посебно ги нагласи како важни реформите во обезбедување владеење на правото, независно правосудство, транспарентна и позитивна изборна кампања, како и почитувањето на договорите со соседите, со што Македонија ќе испрати порака дека ги почитува меѓународните договори, а со тоа и дека ќе биде добар партнер на државите во Европа.

Премиерот Спасовски, во одговорите на новинарските прашања нагласи дека Владата е подготвена да спроведе фер и демократски избори и повика на позитивна кампања од страна на политичките партии, бидејќи и граѓаните не сакаат валкани кампањи туку позитивни пораки.

На билатералната средба на двете делегации, што се одржа пред прес-конференцијата беше разговарано за значајноста на моментумот за исчекор во евроинтеграциите на нашата држава, со цел мотивација на граѓаните и на институциите за продолжување на движечките реформи кон зајакнување на институционалните капацитети и на определбата кон европските конструктивни политики и вредности, во интерес на добрата иднина на земјава и на регионот,с е наведува во владиното соопштение.

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. 

Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.

Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.

-Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.

-Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.

Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник

Дел од опозицијата ги поддржа овие измени.

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ најави дека седницата на која ќе се расправа за измените на Законот за локални избори, за да тие се одржат на 2 јуни, е закажана за понеделник во 11 часот,јави дописникот на МИА од Белград.

-Она што ме радува е што повеќе од две третини од пратениците го поддржаа предлогот за измени на Законот за локални избори, вкупно 184 пратеници се предлагачи на измени на законот, рече Брнабиќ.

Таа прецизираше дека сите пратеници на владејачката коалиција, потоа од опозицијата-Народното движење на Србија, Новото лице на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, независните пратеници на Движењето на слободни граѓани, како и партијата на Шаип Камбери дале поддршка.

Брнабиќ изјави дека одлуката на опозицијата за бојкот на изборите е неодговорна и дека тоа ја покажува нивната врвна несериозност.

-Мислам дека тоа покажува највисоко ниво на неодговорност. Разговаравме 17 дена, тоа беше предлог на маса. Дури ни дадоа рок до 18 април, и ние го испочитувавме тој рок. Ако сакаат да бојкотираат нека бојкотираат Не би се занимавала повеќе со тоа. Нека им објаснат на своите поддржувачи зошто е таква одлуката и повторно сум сигурна дека ќе го сменат мислењето. Тоа е и мојата препора, изјави Брнабиќ.

На новинарско прашање колку е реално да се исполнат барањата на опозицијата во однос на избирачкиот список и медиумите, Брнабиќ рече дека ќе се обиде да ја забрза работата, дека работните тела кои ќе се занимаваат со контрола на избирачкиот список а по препораките на ОДИХР ќе се формираат што е можно поскоро.

-Во однос на медиумите ќе побарам да имаме средба со медиумите и да ја отвориме и таа тема. Ќе дадам се од себе до 2 јуни да спроведам што е можно повеќе, особено во однос на медиумите и избирачкиот список. На крајот на краиштата, неколку пати го поставив тоа прашање „зошто инсистирате на тоа ако се сомневате дека сите препораки на ОДИХР може да се спроведат дотогаш“, рекоа затоа што тоа ќе обезбеди да немаме миграција на гласачи. Тие инсистираа и ние тоа го прифативме, иако се уште мислам дека нашиот предлог да се одржат изборите во Белград сега, а сите други наесен беше многу подобар, рече Брнабиќ. /МИА

притисни ентер