Основците од Карпош ќе отворат новинарски клуб и ќе изработуваат училишни веб страници

Во рамки на денешната 36. седница, советниците од општина Карпош ги изгласаа сите предлог – Одлуки со кои се одобруваат финансиски средства за проекти од областа на образованието, локалниот економски развој и  рамноправниот пристап на жените.

Како што соопштуваат од општина Карпош, здружението „Профицио“ ќе го реализира проектот „Основи на веб програмирање и изработка на веб сајт“, во кој ќе биде инволвирана одредена група на осмоодделенци од сите училишта во Карпош. Покрај тоа што ќе се стекнат со основите на HTML, CSS и веб програмирањето, основците со помош на професионалци ќе изработат информативен веб сајт за училиштето од кое доаѓаат, којшто потоа ќе остане во негово владение.

Советниците гласаа позитивно за проектот на Центарот за поддршка и креативен развој, со кој десетина ученици од осмо и девето одделение ќе се запознаат со новинарските техники преку четиримесечна обука, која опфаќа формирање на новинарски клуб од основните училишта од општина Карпош. Притоа, основците ќе учествуваат во подготовка на весник, печатење и негова промоција. Во проектот ќе бидат вклучени и наставници по македонски јазик и општествени науки.

Локалната самоуправа обезбеди средства за проектот „Второ семејство“, кој ќе го реализира Здружението за заштита на правата на децата - „Поврзани“. Се работи за специфичен пристап кон основците, во рамки на училишната паралелка - како второ семејство, која на еден начин треба да претставува безбеден микросистем на интеракции во воспитно – образовниот процес. Во таа насока ќе се организираат повеќе училишни работилници, каде ќе се воспостават воспитни вредности за градење на меѓуврсничка соработка и поддршка на ранливата категорија на ученици (пр.во случај на попреченост, развод и сл.), преку вклучување на инклузивни содржини.

Здружението за едукативно – креативна детска работилница „Играј и учи“, ќе го спроведе проектот за подигнување на свеста за животната средина преку уметност, театар и раскажување на приказни – „Еко театар“. Со него ќе бидат опфатени 180 деца од шесто до девето одделение, во девет основни училишта од општина Карпош. Основците ќе се запознаат детално со екологијата, глобалното затоплување, рециклирањето и одржувањето на здравата околина.

Советниците дадоа „зелено светло“ и за проектот на невладината DFCCA (Drive for colon cancer awarnes), која ќе организира еднодневен настан за собирање на средства, кои потоа ќе бидат наменети за кампања за борба против ракот на дебелото црево и малигнитетот кај децата.

Од областа на локалниот економски развој, советниците од Карпош дадоа поддршка и за проектот на „Центарот за поддршка и креативен развој“, кој подразбира стручна обука на 12 жени – жителки на Карпош, за започнување на сопствен бизнис. Станува збор за жени од ранливи категории кои се наоѓаат во потешка социо – материјална состојба, кои со помош на искусни обучувачи и експерти, треба да ги осознаат правните и економските принципи на водењето бизнис.

Со одлука на Советот, едукативниот центар „Идеа“ ќе добие финансиски средства за реализација на проектот „И жените можат“, чија стратешка цел е да се зголеми нивото на вработеност на жените од сите делови на општина Карпош. Во рамки на проектот ќе се спроведе и истражување на цела територија на локалната самоуправа, кое ќе се движи во насока кон добивање на конкретни анализи за потребите на три целни групи на жени.

На седницата беше усвоен и Годишниот Извештај за работа на полициската станица „Карпош“ за 2019 година, се наведува во соопштението од општина Карпош.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер