Единаесет мртви во терористички напад во германскиот град Ханау

Единаесет лица се убиени во терористичко напад на два наргиле бара во западно германскиот град Ханау...

43 годишен Германец Тобијас Рајтен е терористот што ја вознемири германската јавност со убиството на невини луѓе во два наргиле бара во градот Ханау. Тој остави зад себе опширен манифест од 24 страници. Постојат индиции за десноекстремни и расистички мотиви за убиствата .

Се пукало во два дела од градот, четири лица се ранети. Полицијата во раните утрински часови го најде и телото на осомничениот убиец во неговиот стан, каде е откриена мртва и неговата 72 годишна мајка . Со тоа бројот на загинатите изнесува вкупно единаесет лица.

Според информации во весникот „Билд“, осомничениот напаѓач поседувал дозвола за ловечко оружје.

Прво бил нападнат наргиле барот во центарот на Ханау каде клиенти биле Курди. Очевидци сведочат дека напаѓачот оворил оган и со осум до девет истрели, убиени биле неколку лица. Потоа напаѓачот или напаѓачите со возило заминале во друг дел од градот, каде одново се пукало во наргиле-бар.

Писмото што го остави германскиот терорист многу постетува на писмото на норвешкиот убиец Андерс Брејвик. Наведува дека ги презира сите странци и оние што не се бели, тврди дека постојат научни причини некои раси да бидат супериорни - и наведува дека има нации што треба да бидат истребени.

Германската влада реагираше со шокираност на тешкото злосторство во Ханау . Длабоко сочувство до погодените семејства, кои жалат по своите блиски“, напиша владиниот портпарол Штефан Зајберт на твитер.

Германската канцеларка Ангела Меркел поради настаните во Ханау ја откажа за денеска планираната посета на градот Хале .

.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер