Запленетиот кокаин бил дел од поголемо количество дрога со потекло од Kолумбија

Кокаинот запленет во акцијата на МВР бил дел од поголемо количество на дрога, со колумбиското потекло, кој заедно со пратката банани бил натоварен во мексиканското пристаниште Вера Круз.

Кокаинот кој вчера вечерта бил откриен во селото Крушопек бил сокриен во пратка со банани со потекло од Колумбија. Станува збор за еден килограм, кој бил само дел од поголема количина чија крајна дестинација била Македонија, кажа министерот за внатрешни Наќе Чулев. Пратката во државава влегла вчера околу 9 часот на граничниот премин Ќафасан кај Струга во товарно возило со приколка управувано од 31 годишен црногорски државјанин, кој откако ги завршил царинските формалности се упатил кон селото Крушопек, а краен примач на пратката со банани била фирмата “Банекс Компани”. Во полициската акција се приведени четворица, од кои еден црногорски државјанин. Откако возилото пристигнало таму полициски службеници извршиле претрес во магацински простор, каде што биле затекнати сопственикот на фирмата, неговиот син и едно вработени лице кои вршеле истовар. Кокаинот бил пронајден во правоаголно пакување со зелена трака во еден од пакетите со банани. Чулев истакна дека во текот на наредните денови ќе излезе точната количина која била наменета за државава, каде се поминувал каналот и сите други информации. Во интерес на истрагата, техничкиот министер рече дека не може да даде повеќе информации.

,,Покрај овие меѓународни активности, Министерството за внатрешни работи ќе преземе активности за утврдување на останати правни или физички лица кои се во корелација со конкретното правно лице, а би можеле да бидат вклучени во оваа нелегална активност. А, дополнително во текот на денот ќе биде започната и финансиска истрага кон конкретниот правен субјект и физичките лица.

При претресот биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.098 пакети банани,и возилото „Ивеко“. Првичните проверки на МВР укажуваат дека фирмата која е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Евкадор.

Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Според албанските медиуми, пратката од 124 тони бананаи била натовраена на мексиканското пристаниште Веракруз патувала до Бар во Црна Гора, според пишвуањата таа требало да пристигне во Копер Словенија, но од непознати причини дестинацијата била сменета и кокаинот завршил во Крушопек.

Рутата по која се шверцувал кокаинот кој вчера беше запленет, според албанските медиуми, прво била минувала низ по потекло од Колумбија, била Црна Гора и Албанија, преку граничниот премин Ќафасан.

Според пишувањата, операцијата почнала пред три месеци, а освен македонската, се вклучени и италијанската, црногаорската полиција како и американската ДЕА.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер