Ербас укинува над 2 000 работни места во одделот за воена опрема и вселенски истражувања

Европскиот авијациски концерн „Ербас“ објави дека ќе укине повеќе од 2.300 работни места во одделот за вселенско истражување и воена опрема до крајот на 2021 година.

Airbus Defense and Space произведува воени авиони, беспилотни летала и сателити и генерира околу една петтина од вкупниот приход на групацијата.

Тие вработуваат 34.000 работници, од кои 13.000 во Германија.

Најавени се укинувања на вкупно 2.300 работни места, односно 829 во Германија, 630 во Шпанија, 404 во Франција и 141 во други земји.

Менаџерот на одделот за воена опрема Дирк Хоке објави минатиот викенд дека разговарал со претставниците на работниците за проблемите со програмата за воени транспортни авиони А400М.

Минатата есен германските воздушни сили одбија да преземат два авиони А400М, укажувајќи повторно на технички проблеми.

„Ербас“ исто така објави сума од 1,2 милијарди евра , колку што изнесуваат влошените изгледи за продажба, откако Германија забрани извоз на оружје во Саудиска Арабија.

Врховниот суд на САД заврши со изнесување на аргументите за имунитетот на Трамп

Пред Врховниот суд на САД завршија усните аргументи за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговиот обид да ги поништи неговите претседателски избори во 2020 година.

Трамп поднесе жалба до највисокиот американски суд откако пониските судови го одбија неговото барање да биде заштитен од четири кривични пријави поврзани со изборите во 2020 година.

Следната јавна седница е закажана за 9 мај, најави судската претставничка Гејл Керли, но не се знае кога судот би можел да донесе и да соопшти конечна одлука за овој случај, јавува Гласот на Америка.

За време на седницата, судиите на американскиот Врховен суд изразија скептицизам кон тврдењата на поранешниот претседател Доналд Трамп, врз основа на кои тој побара од судот да прогласи имунитет од кривично гонење.

Ројтерс објави дека судиите на Врховниот суд, наклонети кон конзервативците, покажале разбирање за аргументот дека претседателите треба да уживаат одреден имунитет од можни кривични пријави за одредени дејствија што ги презеле додека биле на функција.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6-3, составено од тројца судии назначени за време на мандатот на Трамп, вклучувајќи ги Ејми Кони Барет, Брет Каванаг и Нил Горсуч.

Доналд Трамп се соочува со уште три кривични пријави кои произлегуваат од неговите напори да ја поништи загубата на изборите во 2020 година и неговото ракување со доверливи документи откако ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Тој се изјасни за невин во тие случаи и тврди дека кривичните пријави биле поддржани од демократските сојузници на претседателот Џо Бајден за да ја поткопаат неговата кампања.

Лукаревска:Имаме подобри кадровски решенија. Ковачки:Кажете што имате напревно во тројката.

Носители на листи во 3 ИЕ Сања Лукаревска од СДСМ и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, гости во Само Вистина.

Лукаревска:

Синоќешните бројки се показател и аларм за презентација на натамошните мерки и програмски определби до следниот круг и парламентарните избори. Ќе тропнеме на секоја врата и да поразговараме повторно со граѓаните како и до сега да ги слушнеме критиките, за да видиме што го предизвика нивниот револт. Можеби 8 Мај ќе даде можеби поинаков распоред на силите. Ако сакаме да се стремиме кон правда и правичност европските вредности тоа ќе ни го овозможат. Потфрливме во кадровските политики. Не смееме да дозволиме Претседател на државата да се избира во Собрание. На 8 Мај ќе ги видиме изборните комбинаторики, секоја опција што ги дели нашите определни е добредојдена. Ако ја црпиме моќта од граѓаните, мора да сме внимателни на наративот и да не предизвикуваме иритации кон било кој во нашата државата.Збор по збор се гради тврдина, не камен по камен, со биквити, кекси и млеко не покажуваме ни најмала пристојност кон електоратот што треба да не' избере

Ковачки:

Пендаровски е поразен со повеќе гласови отколку што ги освои. Промените се можни и тргнаа вчера, на 8 Мај ќе бидат потврдени, СДСМ ќе го трча последниот круг. Подадовме рака на секој субјект и повикавме на државно обединување за да се стави крај на криминалот, корупцијата и распродавањето на националните интереси. ДУИ може да повикува на бојкот, но како НАТО членка не смее да се остави државата без врховен командант. Не земајќи ве вас предвид листата ви е за спас и за имунитет, на дел од криминалците што и нанесоа штета на Макаедонија, а тоа се претмина кои и ќе влезат од листата на ИЕ 3. Набројте една инвестиција во источна Македонија, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе стави нешто на хартија тоа го реализира.

Најмалку 155 луѓе загинале во големите поплави во Танзанија (ВИДЕО)

Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива.

Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи. Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.

„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива. Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија во Источна Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува CNN.

Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст извршил повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби се поплавени.

притисни ентер