Детали за масакрот на Косово: Полицајката пукала по два пати во секој член на нејзиното семејство

Косово вчера беше потресено од страшната семејна трагедија. Полицискиот службеник, 45-годишната Блаца Валдете, убила четворица членови на нејзиното семејство и се самоубила.

Сè се случило во раните попладневни часови во Гњилане, место на околу 50 километри југоисточно од главниот град Приштина.

Полицајката која работела во локалната полициска станица ги убила своите мајка и татко и двајцата браќа. Сите починале на лице место.

Според „Газета експрес“, Валдета го убила еден од своите браќа во креветот на спиење, додека во другите простории на семејниот дом таа им пресудила на другиот брат, мајката и таткото, а потоа и самата се убила. Таа испукала најмалку по два куршума кон секоја од жртвите. Сите жртви биле убиени со истото оружје, а по една жртва била пронајдена во секој дел од куќата.

Едниот брат бил убиен од полицајката додека спиел на вториот кат од куќата. Другиот брат бил пронајден мртов во ходникот. Таа, наводно, го убила својот 70-годишен татко во дневната соба , а 64-годишната мајка ја убила со два истрели во кујната.

Резултатите од досегашната истрага откриваат дека Валдете веднаш не извршила самоубиство. Неколку часови ги набљудувала телата на членовите на нејзиното семејство, а после тоа се самоубила пред влезната врата од куќата.

Убиениот татко се викал Зекир, мајката Ханифа и нејзините браќа Фисник и Блерим.

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер