Чулев: Владата да не се меша во ингеренциите и независноста на МВР

„Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат пет решенија, за што постои записник/стенограм.“

Сакам да ја информирам домашната и меѓународната јавност дека техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжува да го попречува функционирањето на техничката Влада, а со последните случувања во соработка со дел од стручните служби во Владата направи и кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова денеска од пред Основното јавно обвинителство го изјави министерот за вантрешни работи Наќе Чулев, посочувјаќи дека на седницата на Владата што се одржала во саботата на 15 февруари последна на гласање била ставена точката за поништување на пет решенија донесени од неговаа страна за распоредување на вработени во МВР.

– Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат пет решенија, за што постои записник/стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно во координација со дел од службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во Службен весник Бр.41 од 15.02.2020 година, каде покрај петте решенија чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба за извршување на работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата, ниту е донесена одлука за нивно поништување, изјави Чулев.

Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање дејствија со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање на докази, министерот Чулев го повика ОЈО веднаш да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага, во спротивно, потенцира, ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на одлуката на Влада.

Тој упати апел до вработените во Владата кои со одобрување на Оливер Спасовски веќе го прекршиле законот, како што рече, да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела.

– Ја повикувам и Владата да се воздржи од идни активности во насока на мешање во ингеренциите и независноста на МВР и директното влијание вез избирачкото право на граѓаните и изборниот процес, рече министерот.

Чулев најави дека за неколку недели ќе се нормализира состојбата со недостигот од обрасци за пасоши. Уште еднаш повтори дека се очекува пратката од 100 илјади обрасци од пасоши, што треба да пристигне на 24-ти март, но оти се прават напори тој рок да се скрати за десетина дена.

-Ние веќе имаме направено стратегија и план. Ќе се работи во продолжени смени, ќе се работи и во недела, така што мислам дека за краток период ќе биде надминат тој проблем со пасошите, изјави министерот Чулев кој денеска од пред Основното Јавно обвинителство.

На новинарско прашање за објавените информации од некои медиуми за негова оставка, Чулев нагласи дека дал детално соопштение на Фејсбук.

– Се работи за психолошки притисоци, за непринципиелни закани кои ги добивам и соопштението на „Либертас" е тотална дезинформација, значи е лажна вест. За тоа ќе реагирам и до Советот за етика на медиумите и до ЗНМ. Во однос на последните преставки што ги доставив до ЗНМ и до Советот за етика, веќе има позитивно од страна на еден медиум за медијација и ние би нашле модел како истите да демантираат вест што претходно е објавена, што е многу позитивна работа, истакна министерот Чулев. /МИА

Повици за единство до опозицијата повторно испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно со повик за обединување до македонската опозиција. 

По митингот во Охрид, вчера и од Крива Паланка, се обрати до дел од опозициските партии ЗНАМ и Левица и ги повика на национално единство за борба против СДСМ и ДУИ. Прифаќањето на подадената рака, според него, ќе значи искрена и чесна борба за иднината на Македонија.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Повиците на Мицкоски за македонско единство ги искоментира и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот митинг во Струга. Според него на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, за да оди напред, наместо за мораториум.

- Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесете на овие избори, изјави Ковачевски.

Претходно, лидерот на ЗНАМ и претседателски кандидат Максим Димитриевски изјави дека позитивно гледа на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но вели, можни разговори за идна влада ќе бидат условени со дефинирани црвени линии за Македонија. Димитриевски повтори дека не планира да коалицира со СДСМ.

Сепак, дел од аналитичарите во понудите за национално единство гледаат политички пинг понг на митинзи и предизборна реторика за глас повеќе, отколку за некаква заедничка стратегија по изборите.

- Повеќе сум склон да верувам дека сегашната реторика и повиците за обединување и одговорите од партиите се дел од предизборната реторика. Ние сме во период со високи емоции, со потреба за освојување на глас повеќе и тоа треба да се гледа низ таа призма. Точно е во политичка смисла дека после изборите ќе треба поголемите партии да седнат и да направат некаква заедничка визија, не само за уставните измени и патот кон ЕУ, туку и за оние проблеми кои долго ја мачат државата. Криминал и корупција, здравство, образование... тоа се проблеми кои надминуваат еден мандат и не може само една партија да ги реши. Но, не верувам дека сега партиите одбивањето или прифаќањето за понудите за национален консензус се предмет на некој поопсежна политичка анализа, оценува Петар Арсовски за Канал 5.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со презентација на изборните програми. Во истовреме продолжува и кампањата за претседателските избори на неполна недела до првиот круг за избор на шеф на државата.

Тошковски: Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија, обрасците се во магацинот на МВР

Изјава на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски вели дека 30.000 обрасци за патни исправи се пристигнати и дека се наоѓаат во магацинот на МВР. Тој додаде дека Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија за да ги види обрасците.

Министерот за проблемот со долгото чекање за издавање на пасоши го обвини претходниот менаџмент на МВР, бидејќи, како што вели, не успеале да набават дополнителни машини за печатење.

притисни ентер