Спасовски: Заедно со бизнис заедницата да создадеме модерна, дигитална економија на третата деценија од 21-от век

 Владините економски политики креирани во соработка со бизнис секторот направија пресврт на многу полиња. За 2,5 години се постигнати резултати и бројки како никогаш досега.

Членството во НАТО, пак, и добивањето датум за преговори со ЕУ, преку зајакнување на нашата геостратешка позиција, дополнително ќе придонесат за раст, развој, зголемување на инвестициите, на кредитниот рејтинг и перспективите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на настанат со кој Стопанската комора на Македонија одбележа 98 години постоење.

Сакаме да создадеме креативна, модерна, современа, дигитална економија што на третата деценија од 21-от век, потенцира Спасовски и додаде дека тоа треба да се оствари заедно со стопанските комори, особено со Стопанската комора на Македонија, која е најстара и најискусна, но е и еден од најзначајните економски фактори во земјава.

– Во мај 2017 година наследивме -1,8 отсто БДП, но до денес го зголемивме на 3,5 проценти. Креиравме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време. Ја намаливме и невработеноста на 17,1 отсто што е незапаметена бројка досега. За две години потпишавме договори за 34 домашни и странски инвестиции во износ од 740 милиони евра, се изградија 12 нови фабрики, а се градат уште 22. Со Програма за поддршка на инвестиции на технолошкиот развој, дури 170 компании стекнаа право на финансиски средства за купување нови машини и опрема, за инвестиции во објекти и земјиште. Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании е 230 милиони евра со што се отворија 4.577 нови работни места од кои во 2018 година се вработија 2.117 лица, истакна Спасовски и најави дека проекциите на Владата се до 2024 година невработеноста да падне под 10 проценти.

И вицепремиерката за економска прашања, Мила Царовска, претходно нагласи дека политиките спроведени во соработка со бизнис секторот дадоа резултати. Затоа, рече таа, партнерството мора да продолжи. Повеќе од очигледно е дека компаниите се ослободени и се развиваат, а тоа може да се воочи преку растот на индустриското производство и растот на трговската размена кој лани достигна 10 отсто.

– Вредноста на извозот во 2019 година беше 6,4 милијарди евра за разлика од 2016 година кога изнесуваше 4,3 милијарди, што е раст за 48 отсто. Сите овие позитивни бројки се резултат на посветената работа на Владата заедно со економските партнери, но не смееме да ги заборавиме и партнерите од Западен Балкан, истакна Царовска, потсетувајќи и на Програмата за поддршка на микро, малите и средните претпријатија со која за две години, со над 100 милиони евра, беа поддржани 3.000 компании.

Премиерот Спасовски и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески им доделија признанија на најуспешните компании-членки на Комората за 2019 година. Меѓу оние што примија признание беше и Кочо Анѓушев, до неодамна вицепремиер за економски прашања.

Од одбележувањето на годишнината, Стопанската комора испрати порака дека извозот, индустријата, регионалната соработка, одржливиот раст и инвестициите, се клучната определба на бизнис секторот во земјава. Државата, пак, мора целата енергија да ја насочи кон градење нова визија и дефинирање на развојните приоритети базирани на поконкурентна економија и силни извозни капацитети. Според Комората, треба да се препознаат новите извозни компании и извозни производи кои ќе бидат конкурентни на светските пазари.

Во рамки на настанот се одржува и панел дискусија на тема „Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции".

Главното мото на Комората годинава е „Со членството моќни, во визијата истрајни".

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

За два дена две деца каснати од бездомни кучиња во Тетово

Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците.

Во изминатите два дена, две деца се повредени поради напади и каснувања од бездомни кучиња, а граѓаните со разни дописи до нашата редакција алармираат дека и од дома не можат да излезат поради глутниците.

Во СВР Тетово вчера 59 годишник од тетовско Беловиште пријавил дека малолетниот син околу 20 часот бил каснат од куче скитник на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“. Четириесет и седумгодишниот тетовец, С.С. на 27 март во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, неговата ќерка била касната од куче скитник, се вели во информациите на СВР Тетово.

Жител на населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица испрати фотографија до нашата редакција на која се гледа како глутница кучиња застанале пред премин и сите што поминуваат се соочуваат со страв.

- Иако важи за фреквентно место населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица се предизвик за граѓаните да поминат да си отидат дома, до работа или каде било да се движат. Бараме да преземат соодветни мерки и итно да се најде начин за справување со бездомните кучиња. Утринава бев нападнат од нив, а верувам дека и стотина ученици кои наутро одат на настава со страв поминуваат, се нападнати и ја избегнуваат локацијата. На враќање од работа, истата случка, од толку многу кучиња не може да се помине, вели Александар од оваа населба.

На 14 март градоначалникот Биљал Касами на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.

- Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами.

СВР Тетово на 13 март бележи вкупно шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. Според евиденцијата во СВР Тетово преку 30 луѓе годинава за повредите од бездомните кучиња побарале да биде евидентирано од полицијата.

ОН: Во Појасот Газа повеќе нема сигурно место за цивилите

Обединетите нации соопштија дека треба да се истражат снимките на кои се гледа како израелски војници убиваат двајца палестински цивили и ги закопуваат нивните тела во песок.

- Повеќе нема безбедно место за цивили во Појасот Газа. Секако не можеме да ја потврдиме снимката, но тоа е шокантен настан, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Тој додаде дека случајот мора целосно да се истражи.

На видеото објавено на Ал Џезира се гледа како израелски војници отвораат оган и убиваат двајца Палестинци кои се обидувале да се вратат дома во северниот дел на Појасот Газа.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 32.552 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повредени се 74.980 луѓе. /МИА

притисни ентер