Мицкоски со мерки за инфраструктурен бум, нов автопат Велес - Битола, да нема неасфалтиран регионален пат

Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда.

Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма.

Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж.

Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата.

Затоа:

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево - Охрид и автопатот Скопје - Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес - Прилеп - Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип - Кочани, експресниот пат Штип - Радовиш и експресниот пат Градско - Прилеп.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме.

Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани.

Имаме мноштво на мерки, и ова се само дел од мерките од нашата програма кон која се обврзувам и обновата за која ќе се избориме. Ова се мерки и обнова која ќе донесе градежен и инфраструктурен бум.

Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, наш двигател на над триесетина стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништвото, транспортот и инфрасктруктурата.

Само со овие мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти во време на нашиот мандат што значи 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого.

Внимателно се обмислени, и нема да ветам нешто што нема да го исполниме. И затоа внимавам што ветуваме, со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме.

Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која заедно ја планираме со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници. Голем дел од проектите се и барање на самите граѓани. Ова е обнова во инфраструктурата која ќе значи повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура, повеќе за секого.

Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

По заменикот на Шојгу, Русите го уапсија и олигархот Александар Фомин

Ко-основачот на градежната компанија „Олимпсистрој“, Александар Фомин, е уапсен под сомнение дека го поткупил Тимур Иванов, поранешниот заменик на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

На Фомин му е одреден притвор до 23 јуни, објавија локалните медиуми, пренесе АП.

Според истрагата, Фомин на Иванов и на другите лица инволвирани во корупција им давал услуги „во форма на ослободување од обврската да платат за стоки, работи и услуги поврзани со поправка или реконструкција на зграда“.

Судот во Басман во Москва претходно му одреди притвор и на Иванов до 23 јуни поради примање поткуп при склучување договор за Министерството за одбрана.

Во случајот бил вклучен и Сергеј Бородин, кој исто така е приведен.

Тие се обвинети за примање поткуп во исклучително голема сума.

Во Министерството за одбрана, Иванов ја надгледувал изградбата и ремонтот на ресорните објекти и бил одговорен за организирање на управувањето со имотот на министерството, а, според судот, се здружил со Бородин и трети лица за примање мито при склучување договори за министерството.

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та

 Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година.

Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп Ноу“ и првиот човек на управата Жоан Лапорте одржани во домот на претседателот. .

-Чави е многу возбуден поради проектот, тој продолжува да работи затоа што е ентузијаст и затоа што не сака. Тој е исклучително чесен човек, посветен на работата и наш Каталонец, што го покажува со дела, а не само со зборови. Никогаш не сме барале друг тренер, уверува менаџерот на клубот на актуелниот шампион на Шпанија.

Иако Барса со поразот во последното „Ел Класико“ практично му ја отстапи титулата на вечниот ривал Реал и ја заврши мисијата во Лигата на шампионите, повторно останувајќи без крајот на елитното европско натпреварување, раководството верува во Чави на долг рок.

-Одлуката беше едногласна. Спортскиот директор Деко сто проценти застана до тренерот. Не освоивме титули, но ентузијазмот останува. Ја подобруваме играта и им даваме простор на младите играчи. Верувам дека соработката со Чави ќе вроди со плод, оптимист е Јусте во врска со престојот на човекот кој тимот го презеде во 2021 година. /МИА

Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ - и всушност кон светот - одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста - дури и неопходноста - од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен. /МИА

притисни ентер