Во грчкиот Парламент ќе се формира Група за пријателство со Македонија

Во грчкиот Парламент, во тек е процесот за формирање парламентарна Група за пријателство Македонија – Грција, а до пратениците веќе бил испратен допис, оние кои што сакаат да се пријават за учество во групата, дознава дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за избор на пратеници од грчка страна, кои заедно со нивните македонски колеги од Собранието, ќе бидат дел од Групата за пријателство Македонија – Грција.

Пракса е во ваквите парламентарни групи да учествуваат пратеници од сите партии што се дел од грчкиот Парламент. Останува, во текот на следниот период, а според информациите на МИА, можеби дури и во текот на следната седмица да биде познат составот на грчката група и од кои партии ќе бидат нејзините членови.

Според информациите на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, парламентарните групи за пријателство „се формираат со одлука на Претседателот на Парламентот, по писмено барање од пратениците", во групите учествуваат, „по можност, пратеници од сите пратенички групи", а „предмет на парламентарните групи за пријателство е зајакнување на парламентарната дипломатија на меѓународно билатерално ниво".

Бурнус: Групата за пријателство е уште еден во градењето доверба и соработката меѓу двете земји

Пратеникот од СИРИЗА, Јанис Бурнус, кој беше дел од грчката делегација во Скопје, предводена од тогашниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, коментира дека оваа разврска е исклучително важна и позитивна, „особено ако се земе предвид дека доаѓа од влада која до изборите се бореше против Договорот од Преспа" и открива дека лично тој, сигурно ќе се пријави за да бидат дел од групата.

-Штом завршиме со разговорот, ќе одговорам на мејлот дека би сакал да бидам во оваа Група за пријателство, особено ако земеме предвид дека со Алексис Ципрас како премиер, кога го посетивме Скопје и Собранието,се сретнавме со луѓе кои веќе имаа формирано група за контакт со Грција и не прашуваа кога ќе се формира истата таква група во грчкиот Парламент. Тоа е разврска која ја чекавме, тоа е уште еден чекор во градењето доверба и соработката на двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа, вели Бурнус.

Во однос на тоа какви се неговите очекувања за составот на групата, пратеникот од СИРИЗА, изразува надеж дека ќе има претставници од сите партии, со исклучок на Грчко решение, која е радикално десничарски ориентирана.

-Овде ќе се покаже кои се позициите и намерите на секоја партија. За она што можам да ве уверам е дека од СИРИЗА ќе постои богато учество затоа што

политички ќе го одбраниме историскиот избор што го направивме со Договорот од Преспа. Се надевам, со исклучок на Грчко решение, што е радикално десничарска и популистичка партија, дека од другите партии ќе видиме присуство, се надевам дури и од Нова демократија, впрочем по изборите кога го добија посакуваниот резултат рекоа дека ќе го почитуваат договорот, додава пратеникот од СИРИЗА за МИА.

Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство

Според податоците на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, постојат 77 парламентарни групи за пријателство со исто толку земји и „ги покриваат парламентарните односи со Парламенти од Европа, Америка, Азија, Африка и Океанија".

-Средбите на Групите за пријателство имаат за цел зајакнување на соработката со Парламентите од сите земји, презентирање на позициите на Грција за важни меѓународни прашања, промовирање на националните прашања и зајакнување на меѓународната соработка, пишува на официјалниот сајт на грчкиот Парламент.

Меѓу 77-те земји со кои грчкиот Парламент има воспоставено соработка преку парламентарните групи се сите земји од регионот (и оние кои што се членки на ЕУ и оние кои што се кандидати), поголемиот број европски држави, дел од арапските земји, но и САД, Кина и Русија.

Секоја од групите има претседател, потпретседател, секретар и членови.

Доколку се направи анализа, бројот на членовите во секоја од групите е различна, во зависност од земјата. Па така на пример, има Групи за пријателство што немаат ниту еден член или само три, а некои и над 50, јави дописничката на МИА од Атина.

Од земјите од регионот, Групата со Црна гора има само три членови односно претседател, потпретседател и секретар, по шест членови имаат Групите за пријателство со Словенија и Хрватска, со Босна и Херцеговина и Бугарија седум, со Албанија има 17 членови, а со Србија е меѓу побројните со 30 членови, вклучително и претседателот, заменикот и секретарот.

Групата за пријателство со Германија има помалку членови од онаа со Албанија или Србија и изнесува 16, а со Франција има еден повеќе.

Меѓу најбројните се Групите за пријателство со Русија и САД со 62, односно 56 членови./МИА.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер