Минатата година САД потрошиле речиси 700 милијарди долари на војската , втора е Кина со четири пати помалку

Глобалното трошење за одбрана порасна во 2019 година побрзо од која било година во претходната деценија, според студијата објавена денеска на конференцијата за безбедност во Минхен.

Трошоците за одбрана се зголемени за четири проценти од 2018 година, за 4,2 проценти во Европа, се вели во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS).

Воените буџети на тој начин достигнаа нивоа од пред финансиската криза во 2008 година, рече директорот на IISS, Џон Чипман.

Растот во Европа може да се припише на загриженоста од Русија и постојаните повици на САД до членките на НАТО да потрошат два проценти од својот БДП за одбрана, се вели во извештајот.

Воените буџети беа највисоки во 2019 година од страна на САД и Кина, што претставува раст од 6,6 проценти.

Инвестирањето во американската војска лани беше најголемо во последните десет години. Само зголемувањето на 53,4 милијарди долари ќе биде седмиот најголем воен буџет во светот, се вели во извештајот.

Во 2019 година САД најмногу потрошија на одбраната (684 милијарди долари), Кина (181 милијарди долари), Саудиска Арабија (78 милијарди долари), Русија (61 милијарди долари), Индија (60 милијарди долари), Велика Британија (54 милијарди долари), Франција (52 милијарди), Јапонија (48 милијарди), Германија (48 милијарди) и Јужна Кореја (39 милијарди).

Податоците на IISS покажуваат дека воените трошоци во Азија се зголемени за 50 проценти во последните десет години, од 275 милијарди во 2010 година на 423 милијарди во 2019 година.

Газета дело Спорт: Пиоли би можел да добие отказ од Милан доколку биде елиминиран од Рома во ЛЕ

Стефано Пиоли би можел да го напушти Милан доколку Рома го исфрли од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од четвртфиналето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа, Рома на гости го победи Милан со 1:0.

Според „La Gazzetta dello Sport“, иднината на Пиоли во Милан зависи од исходот на реваншот, како и од резултатот на натпреварот со Интер во Серија А. Се забележува дека натпреварот со Рома ќе има посериозно влијание врз кадровските одлуки.

Доколку Милан се пласира во полуфиналето на Лига Европа, иднината на Пиоли во клубот нема да биде загрозена.

Во случај на оставка важна улога во изборот на нов тренер ќе има мислењето на Златан Ибрахимовиќ.

Пиоли е во Милан од 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во сезоната 2021/22. /МИА

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

притисни ентер