ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен бидејќи ќе одговара и ќе мора да го врати украденото

Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на криминалот и алчноста на Зоран Заев.

Избори мора да има за да престане тригодишната агонија на континуирано задолжување, заминување на младите, епидемија од корупција, нула капитални инвестиции и сеопшто тонење.

Со секој изминат ден, стравот на Заев од соочување со граѓаните е се поголем затоа што знае дека не само што ќе го испратат во опозиција, ќе бараат од него и кривична одговорност и враќање на секој украден денар.

Аболицираниот Заев на чело со СДСМ со законот за јавно обвинителство сака да се амнестира и да продолжи селективната правда. Повеќе од јасно е дека тој е главата на октоподот. Од снимката објавена во јавноста може да се слушне како криминалецот Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет" заедно со Катица Јанева.

Затоа Зоран Заев сака да озакони класична неправда, односно незаконски снимки да може за други да се користат како докази, но не и за него бидејќи се со понов датум.

На граѓаните им е јасно дека Зоран Заев е политичко минато и дека државата и правниот систем со него на чело се распаѓаа во изминативе три години. Зоран Заев мора да оди на политичкото буниште за да отпочне обнова на државата на сите полиња.

На 12-ти април СДСМ и Зоран Заев заминуваат. Зоран Заев никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Ја покачивме пензијата за над 1.700 денари и социјалната помош за 300%, се грижиме за постарите, сиромашните и ранливите

СДСМ создава праведно општество кое вистински ја намалува социјалната нееднаквост. Посветени на економските мерки ние се грижиме за достоинствен живот на повозрасните граѓани.

Над 324.000 пензионери добија покачување на јанураската пензија од 722 денари. До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари.

Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари, за три години е зголемена за 1.746 денари. Водејќи сметка за сите катеогрии граѓани воведовме и социјална пензија, која засега ја користат над 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија.

Донесовме закон за докуп на стаж на граѓани кои работеле, а не им биле плаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување со цел и ним да им овозможиме полесен и подостоинствен живот.

Спроведуваме социјална реформа, со која целосно го менуваме начинот за грижа на ранливите категории и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат.

Со 300 проценти зголемување на социјалната помош извлекуваме повеќе од 120.000 граѓани од сиромаштија. Социјалната помош е покачена од 3.000  на 11.700 денари.

Вкупно 27.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат над 8.500 деца.

Секој граѓанин има право на достоинствен живот. Затоа продолжуваме интензивно да работиме на мерки и политики за подобрување на социјалната положба на граѓаните.

На прав пат сме заедно со сите граѓани затоа што ние се грижиме подеднакво.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди западна Турција

Повторно земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди западна Турција,соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 90 километри североисточно од Измир, а засега нема информации дали некој е повреден и дали е направена материјална штета.

Најмалку девет лица загинаа и повеќе од 100 беа повредени во вчерашниот силен земјотрес од 5,7 степени во близина на турско-иранската граница.

Стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Македонија и Бугарија

Забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Бугарија и Македонија од денеска стапува во сила.

Тоа е согласно воведените измени во законот за управување со отпад, кој беше донесен по скратена постапка во парламентот во Скопје, пред да биде распуштен.

Со него се забранува увоз на отпад, што се користи во нашата земја како извор на енергија.

 Македонија и Бугарија се обврзаа дека од 24 февруари таков вид на отпад нема да премине ниту од Бугарија кон земјава, ниту од Македонија кон Бугарија. Во врска со прашањето за рециклирање на отпадот, дополнително ќе се разгледува и засега работите ќе останат како претходно.

притисни ентер