Помпео го поздравува напредокот на односите со Талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е постигнат „ значителен напредок“ во мировните преговори со Талибанците во последните неколку дена, пренесува Би-Би-Си.

Помпео изјави дека Доналд Трамп дал зелено светло за понатамошни разговори.

Администрацијата на САД веќе подолго време се обидуваше да преговараат со Талибанците за крај на 18-месечниот конфликт во Авганистан.

Трамп во септември рече дека разговорите со Талибанците се „мртви“.

Помпео денеска  го поздрави напредокот, но рече дека преговорите се комплицирани и се уште не е постигнат мировен договор.

Неговата изјава доаѓа откако американскиот секретар за одбрана Марк Еспер им рече на новинарите дека е договорен „седумдневен прекин на насилствата“.

Околу 13.000 американски војници се распоредени во Авганистан.

За една недела санкционирани 261 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 261 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 17 до 23 февруари, како што соопштува ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак" на ЈП ПОЦ отстранети се 173 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор" санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

 Двајца скопјани И.А (29) 9 С.Р (35) се повредени од огнено оружје, синоќа во 00.21 часот на ул.„Ферид Бајрам", по што се пренесени во болницата „Систина" за укажување медицинска помош.

Од МВР за МИА потврдуваат дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А и С.Р. , биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди", сопственост на Е.С (33) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчиустување на случајот. 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ должи осум милиони евра

И на толку крадење криминалната партија ВМРО-ДПМНЕ е потоната во долгови.  Самите си признаа дека имаат неплатен долг од фантастични осум милиони евра, направен во изминатите неколку години.

Јавното признание на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, дека овој долг  е направен главно за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење на партијата на Христијан Мицковски.

Ако е навистина така тогаш се прекршени бројни законски прописи. Впрочем, не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста знае како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност.

Неодамна финансискиот извештај на ВМРО ДПМНЕ за кандидатката Гордана Сиљановска Давкова беше затворен со долг од 400.000 евра. И за овој случај треба да има одговорни.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државата тројно се зголеми во период од 11 години.

Ако својата партија ја задолжиле со осум милиони евра, тогаш може да се претпостави што би направиле извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски ако повторно му се доближат  државниот буџет.

Затоа граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 12 април тие нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!

Социјалдемократски сојуз на Македонија

притисни ентер