Јакимовски: Го признавам поразот и ѝ честитам на Гордана Силјановска- Давкова

Претседателот на ГРОМ и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски рече дека го признава поразот на изборите. 

Јакимовски додаде дека по пет години сите да бидеме живи и здрави , па да видиме дали е направен вистинскиот избор.

САД тајно испратиле проектили со голем дострел ATACMS во Украина

САД испратија проектили со голем дострел ATACMS во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот.

„Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Оружјето беше дел од мартовскиот пакет помош за Украина, а не од штотуку одобрено од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, но „не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност за Украина на нивно барање“, нагласи Пател додавајќи дека „ракетите пристигнале во Украина овој месец“.

Белата куќа претходно потврди дека САД испратиле варијанта на ATACMS со помал дострел во Украина, што може да помине 165 километри, но типот со најголем дострел може да погоди цели до 300 километри.

Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

притисни ентер