Потребни состојки: 200 гр.пилешки гради , малку моцарела, неколку листа свежа рукола, 100 гр. брашно, 1 јајце, 100 гр. корнфлекс, малку рендан пармезан, маслиново масло, сончогледово масло, малку зачин од сув мешан зеленчук, неколку листа млад свеж спанаќ, малку крем балсамико, неколку шери доматчиња, парче сув цитрон и малку домашен мајонез со куркума.
Постапка:
Пред да се истенчат со толчење, пилешките гради се полеваат со маслиново масло и се зачинуваат со зачин од мешан сув зеленчук.
Истенчените гради се делат на 4 дела.
На секој дел се става малку моцарела и свежа рукола и се формираат топчиња.
Последователно се панираат со: брашно, јајце и корнфлекс измешан со рендан пармезан.
Се пржат во загреано сончогледово масло 7 минути на 220 степени.
Откако ќе се испржат се ставаат на кујнска хартија да се исцедат.
Се сервираат во чинија на листови од млад свеж спанаќ.
На спанаќот се додава крем балсамико, неколку шери доматчиња сечени на 4 дела и парче сув цитрон.
Озозгора на топчињата се става домашен мајонез со куркума.