Војаџер 2 повторно истражува во меѓуѕвездениот простор (ВИДЕО)

Големото летало на НАСА повторно собира податоци за науката.Војаџер 2  уште еднаш се појави во меѓуѕвездениот простор , откако се сметаше дека се изгаснал.

На 25 јануари се појави сондата со најдолг стаж, која го истражува меѓуsвездениот простор, а која што во ноември 2018 година не успеа да изврши маневар како што беше предвидено. Како резултат, двата системи останаа подолго од планираното, влечејќи толку многу енергија што Војаџер 2 автоматски ги исклучи инструментите за истражување.

Членовите на мисијата изразија увереност дека можат да го решат проблемот и нивната доверба се исплатеше : научната опрема на Војаџер 2 се врати во погон и работи, објави НАСА.

„Операторите на мисијата известуваат дека Војаџер 2 продолжува да биде стабилна и дека комуникациите меѓу Земјата и вселенското летало се добри“, напиша агенцијата.

„Леталото продолжи со земање податоци за науката и научните тимови сега ја оценуваат состојбата на инструментите по нивното кратко исклучување“.

Војаџер 2 и неговиот близнак, Војаџер 1, започнаа во 1977 година со невидена „голема турнеја“ на надворешниот Сончев систем. Двете вселенски летала спроведоа летови доЈупитер и Сатурн, откривајќи многу податоци за двете најголеми планети на Сончевиот систем. Војаџер 2 потоа го зумираше Уран во 1986 година и Нептун во 1989 година; сондата останува единственото летало што почна со разгледување на овие „ледни џинови“.

Двете вселенско летало сè уште се движат по повеќе од 42 години во вселената, но тие нема да можат да ја продолжат својата пионерска работа засекогаш. Радиоизотопските генератори кои ги напојуваат леталата, најверојатно, ќе бидат исклучени до средината на 2020-тите, соопштија од НАСА.

Војаџер 1 и Војаџер 2 во моментов се на околу 22,2 милијарди километри , односно 13,5 милијарди км од Земјата. Потребни се повеќе од 17 часа за да патува светлина од Земјата до Војаџер 2, што значи дека членовите на тимот на мисијата треба да чекаат ден и половина за да видат дали нивните команди функционираат.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

притисни ентер