НАТО ќе ја засили мисијата за обуки во Ирак

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денес се согласија да ја продолжат мисијата за обука во Ирак, рече генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Алијансата одговара на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да дејствува повеќе на Блискиот исток.

НАТО ќе преземе активности за обука предводена од САД во борбата против Исламската држава, рече генералниот секретар, што значи дека во одлуката не е потребно распоредување на дополнителни сили од западните држави во Ирак и треба согласност од ирачката влада.

„Денес, министрите на Алијансата се согласија во принцип да ја прошират мисијата за обука на НАТО“, рече Столтенберг на конференцијата за медиуми.

„Како прво, ова ќе се состои од преземање на некои од тековните активности за обука на глобалната коалиција“, додаде тој.

НАТО и коалицијата имаат воени мисии насочени кон развој на ирачките безбедносни сили, но и двете иницијативи се суспендирани поради стравувањата од регионална нестабилност, откако САД на 3 јануари убија моќен ирански воен командант.

По убиството на Касем Сулејмани, Трамп го повика НАТО да направи повеќе на Блискиот исток, без да прецизира што значи тоа.

Столтенберг објави дека мисијата на Северноатлантскиот пакт ќе започне во најкус можен рок, но не сакаше да открие повеќе детали.

Тој не рече колку војници ќе бидат прераспоредени од коалицијата. Дипломатите на НАТО открија за Ројтерс дека под знамето на Алијансата, ќе преминат кон средината на 2020 година.

Министрите, вклучително и американскиот министер за одбрана Марк Еспер, ќе разговараат за дополнителни опции за сојузи на Блискиот исток за задоволување на Трамп, кој верува дека некои членки на НАТО не трошат доволно пари за одбраната.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер