Кинеските власти забележаа 2015 нови случаи, со што вкупниот број достигна 44.653. Ова е најмало дневно зголемување на бројот на заболени од 30 јануари.
Податоците се објавени еден ден откако епидемиологот Џонг Наншан предвиде дека епидемијата во Кина ќе се искачи уште овој месец, а потоа ќе опаѓа.
Но, Светската здравствена организација (СЗО) ја спореди заканата од епидемија со тероризам.
„Се шири на други места и епидемијата е на почеток“, изјави Дејл Фишер, шеф за координација на СЗО, Глобална мрежа за предупредување и реакција на епидемии, во интервју во Сингапур. „ Во Сингапур сме на почетокот на епидемијата“.
Во Сингапур досега се пријавени 47 случаи, а околу 300 вработени се евакуирани од најголемата банка ДБС во Сингапур, бидејќи еден вработен бил заразен.
Под официјалното име , вирусот Ковид-19 се рашири во повеќе од 20 земји во светот. Досега, две лица починаа надвор од Кина: едно во Хонг Конг и едно на Филипините.
Најновите кинески податоци покажуваат дека бројот на загинати во вторникот се зголемил за 97 и изнесува вкупно 1.113. Сепак, социјалните медиуми покренаа сомнежи за доверливоста на податоците откако владата ги измени упатствата за класификација минатата недела.
Најголемото кризно жариште надвор од Кина е јапонскиот крстосувач, со број на заразени од коронавирус , што се искачи на вкупно 175. На бродот има тројца Македонци.
Крузерот е ставен во карантин на две седмици откако пристигна во Јокохама, јужно од Токио, на 3 февруари, откако маж што се симнал во Хонг Конг бил заразен со вирусот.
Новинската агенција Кјодо го цитираше Министерството за здравство дека од 39 случаи, 10 заразени биле членови на екипажот, а 29 биле патници и биле однесени во болница.
Камбоџа, во меѓувреме, се согласи да го прими крстосувачот МС Вестердам со 1455 патници и 802 членови на екипажот. Бродот одби да го прими Тајланд, Јапонија, Тајван, Гуам и Филипините, плашејќи се од можна зараза.