Каква непријатност: На Макрон му се расипа автомобилот среде церемонија

Покрај обезбедување соодветна заштита и доза на луксуз, претседателскиот седан мора да биде исклучително безбеден.

Претседателската лимузина е најчесто огледало на државата што ја претставува, барем во земјите кои имаат своја автомобилска индустрија. Франција е можеби најдобриот пример, бидејќи нејзините претседатели со децении ги користат услугите на домашните производители. Така, Емануел Макрон го користеше специјалниот DS7 Crossback на инаугурацијата, а една година подоцна Peugeot 5008, за потоа брзо да ја откаже својата верност кон концернот ПСА, свртувајќи се кон Рено и Еспејс, со кои се дружи последните години.

Како што стојат работите сега, услугите на Макрон би можеле да бидат заборавени во однос на оклопното Еспејс. Имено, за време на официјалната посета на Полска, се случи она што не требаше - се расипа Еспејсот.

Според полската веб-страница Dziennik, по средбата со полскиот претседател, Макрон требало со Еспејсот на Рено да замине на следната локација, но протоколот морал да го смени затоа што, наводно, Реното не сакало да работи. Францускиот амбасадор наскоро му дошол на помош и му го понудил својот Citroen C6 како возило за замена.

Бидејќи францускиот претседател морал да се вози во неоклопна лимузина поради дефектот, се очекува овој настан да има последици, а најверојатно ќе започне истрага. Во секој случај, тамошните медиуми ја искористија приказната да се пошегуваат со сигурноста на француското Рено.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер