Во Подгорица одржан вториот протест за смена на Ѓукановиќ

Во Подгорица синоќа се одржа вториот политички протест што го организира групата граѓани „Пресврт“ , од кој беа упатени барања за фер избори и оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ.

Весникот „Вијести“ наведува дека демонстрантите бараат и повлекување на спорниот закон за слобода на вероисповедта.

Учесниците во протестот, кои се организирани под паролата „мора да си замине“, прво се собраа пред зградата на претседателот на Црна Гора , а потоа заминаа во протестна прошетка, пренесе „Вијести“.

Главното барање, Ѓукановиќ да поднесе оставка, организаторите му го врачија уште во среда, на првиот протест.

ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција

Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, коментирајќи го видеото на израелско-американскиот заложник, Херш Голдберг-Полин, објавено од милитантната група Хамас, рече дека тоа е итен повик за акција и додаде дека израелската армијата нема да остави „камен на камен во напорите да ги пронајде заложниците“.

Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше.

-Хамас го држи Херш во Газа повеќе од 200 дена. Хамас продолжува да држи 133 заложници во Газа повеќе од 200 дена, во нехумани услови, рече Хагари во видео пораката.

Тој рече дека ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас низ Газа додека не се ослободат заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

- Ова е итен повик за акција. Ние нема да оставиме камен на камен во нашите напори да ги најдеме нашите заложници. Ова видео со психолошки тероризам не е само потсетување на она што го направи Хамас на 7 октомври, туку и колку е болна оваа терористичка група која ги тероризира заложниците и нивните семејства, рече портпаролот на ИДФ.

Палестинското милитантно движење Хамас вчера објави видео на кое е прикажан Херш Голдберг-Полин.

Краткиот, недатиран клип покажува дека на 23-годишното момче му недостасува потколеница, но инаку изгледа здраво. Во видео-порака, тој рече дека претрпел сериозни повреди за време на нападот на 7 октомври, откако се обидел да го искористи своето тело како штит за да се заштити себеси и другите исплашени цивили, пренесуваат британските медиуми. /МИА

Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија

Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.

Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

Гуцул е обвинета дека од 2019 до 2022 година насочувала средства од Русија за финансирање на сега забранетата проруска партија Шор, основана од Илан Шор, прогонет проруски бизнисмен, осуден за измама во Молдавија. Според обвинителството, „Гуцул активно учествувала во систематското внесување на непријавени финансиски средства во Република Молдавија, кои биле примени од организирана криминална група, пред сè од Руската Федерација“./МИА

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната во Газа

Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент.

Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл. /МИА

притисни ентер