Дипломатски скандал: Дачиќ во дуел со Вархељи ,тој го напушти состаникот со членовите на српската Влада

На состанокот со еврокомесарот за соседска политика и проширување , Оливер Варјељи со премиерката Ана Брнабиќ и членовите на нејзиниот кабинет, зсе случил скандал.

Во еден момент, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ му се обратил на еврокомесарот со груб тон и го критикувал за неговите ставови за Србија.

- Тој беше многу непријатен. Му рече дека не знае од каде е, дека молчел додека киднапирале српски манастири на Косово, да молчи за таксите што ги наметна Приштина за стока од Србија - вели изворот на „Блиц“ кој присуствувал на состанокот.

Премиерката Ана Брнабиќ, како и министерката за ЕУ ​​Јадранка Јоксимовиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ биле зачудени, по што Вархељи го вклучил микрофонот и му се обратил на српскиот министер за надворешни работи.

- Јас сум единствениот европски комесар што реагирав на таксите, го осудив она што се случува во Црна Гора, Србија е првата земја до која дојдов по воведувањето на новата методологија и конечно, дојдов тука да ви помогнам - рекол Вархељи.

Потоа, тој го исклучил микрофонот, се приближил до Ана Брнабиќ, се ракувал со неа и ја напуштил просторијата.

Дачиќ по средбата изјавил за Блиц , дека „не го нападнал него, туку ЕУ“.

- Ја нападнав ЕУ затоа што не го почитува Бриселскиот договор, за воведувањето на Косово во Поглавјето 35, така што сега сите тие да молчат за настаните во Црна Гора и се нефер“.

Дачиќ додава дека тој му наредил на својот гостин да ја запраша опозицијата каква е нивната позиција за ЕУ, за Косово, за Бриселскиот договор, за Крим ...Вели дека гостинот не го напуштил состанокот зашто бил налутен , туку затоа што се брзал.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер