ОГЛЕДАЛО

ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО 20:30!

Очекувајте возбудлива играна серија која ги следи животите на Ања и Јана, две сестри чии што животи, по ненадејна сообраќајна незгода, се менуваат од корен.

            Девојките беа на пат кон Киев. Ања наскоро требаше да се омажи и одеше на проба за свадбата. Јана, која сонува да стане популарна телевизиска водителка, брзаше на аудиција за телевизиска емисија. Во некој дел од патот, автомобилот во којшто беа сестрите, удри во камион.

           И покрај сите лоши прогнози, сестрите преживеаја. Меѓутоа, во времето на сообраќајната незгода, Јана го носеше прстенот на Ања. Поради сериозните повреди, лицата на сестрите се непрепознатливи, и ниту докторите, ниту семејството не можат да ги разликуваа Јана и Ања. Прстенот со рубин, подарок на Ања од нејзиниот свршеник, ја одигрува главната улога – идентитетите на девојките се заменети.

          Откако се опоравува, завидливата и амбициозна Јана сфаќа дека сите околу неа мислат дека е Ања и таа решава да лаже и да го земе сето она што го има нејзината сестра – нејзиното лице, човекот што го сака, нејзиниот живот. Јана наоѓа оправдување во фактот дека Ања никогаш нема да се разбуди зашто има многу потешки повреди и се наоѓа во кома. Дури ни лекарите не веруваат дека Ања ќе се разбуди. И зошто тогаш некој би се откажал од шансата да си го промени животот?

         Меѓутоа, и лекарите и Јана грешат. Ања буквално се враќа од мртвите и од тој миг започнува конфронтацијата меѓу двете сестри. Ања е подготвена да си го врати сето она што било нејзино. Јана е подготвена да се бори за среќата што ја украде од нејзината сестра. Заплетот е брз и непредвидлив. Секој ден Јана ја игра улогата на милата и добродушна Ања. А Ања, за првпат во својот живот чувствува вистинска омраза и се бори да ѝ се одмазди на сестрата-предавничка.

Ќе успеат ли да си ги вратат  идентитетите и љубовта?

притисни ентер