Полета најдолгиот авион на светот – Историски лет на Боинг 777X (ВИДЕО)

Boeing Co го започна денеска пробниот лет на 777X, најголемиот светски двомоторен авион, во време кога американскиот производител , кој е сериозно погоден од кризата со 737 MAX, ја засилува борбата против европскиот конкурент „Ербас“.

777X, поголема, поефикасна верзија на успешниот мини-џамбо Боинг 777, полета од комерцијалната база во близина на Сиетл во 10:09 часот по локално време, бидејќи силните ветришта ја принудија компанијата двапати оваа недела да го одложи пробниот лет.

Директорите на „Боинг“ најавија дека летот ќе трае помеѓу 3 и 5 часа и дека тестирањето и сертификацијата ќе бидат потребни неколку месеци пред да започне со работа во Емиратите во 2021 година.

Боинг претходно објави дека неговиот најголем двомоторен авион, дизајниран за просечно 406 лица, ќе полета за прв пат на почетокот на 2020 година, при што првата испорака се очекува во 2021 година. Првично, првата испорака беше закажана за средината на 2020 година, што не е можно поради проблеми во изведбата.

Овој авион, долг 77 метри е значително поголем од неговите претходници 777-300ER и Ербас А340-600. Дури и малку подолг од претходниот рекордер 747-8, најновата верзија на авионот Queen of the Skies.

Поради својата должина, авионот е дизајниран да прими меѓу 400 и 425 патници, во двете класи. Бројот на места ќе варира во зависност од барањата на одредени авиокомпании.

Најдолгиот патнички авион на светот, „Боинг 777X“, беше официјално откриен минатиот март од Управниот одбор на „Боинг“ во главниот производствен капацитет на компанијата во Еверет, Вашингтон.

777X првично требаше да го изврши првиот тест лет минатото лето, но беше одложен до 2020 година, поради проблеми со моторите GE9X произведени од General Electric. Проблеми се појавија и во септември минатата година за време на последниот тест на оптоварување кога експлодира вратата на авионот.

Конечните тестови ги надгледуваат инспекторите на Федералната управа за авијација (ФАА) како дел од процесот на сертификација на авионите.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер