Што се случува со Мадона- ја прекинува турнејата и постојано користи екстремни третмани за опуштање (ВИДЕО)

Иако духот може да остане младешки засекогаш, сепак телото го трпи товарот на годините.

Влегувајќи во када полна со мраз, Мадона, која сега има 61 година, направи болна гримаса за тоа што и се случува во моментот, додека нејзиното дваесет и петгодишно момче, танчарот Ахмалалик Вилијамс, внимателно ја следи седнат до  неа.

Светската турнеја на Мадона во  Америка и Европа, која ќе трае 93 дена, е извонреден напор за секој изведувач, а особено за некој кој има 61 година.

Турнејата  ,,Мадам Х” започна во септември, проследена со низа откажани настапи. Досега има осум концерти што не се одржале , а биле прекинати на барање на лекарот бидејќи Мадона се борела со „голема болка“ и исцрпеност, и покрај низата третмани кои вклучуваат трансфузија на крв, ледени бањи и масажи.

Со богатство од 400 милиони фунти и над 300 милиони продадени албуми, кралицата на поп музиката не мора никому да се докажува. Сепак, станува збор за нејзината решеност дека концертите мора да продолжат , а не од желбата да заработи повеќе пари или да добие уште поголема слава, пренесува Mirror.

Пред да го откаже наредниот концерт , Мадона им порача на своите фанови: „Да се ​​прави концерт секоја вечер ми носи толку многу радост што откажувањето го доживувам како вид казна. Болката што моментално ја чувствувам е преголема и треба да се одморам и да го послушам советот на лекарот за да можам да се вратам посилна и подобра. Иако настапите на Мадона досега биле организирани во огромни арени, овој пат концертите се изведуваат во театри каде сцената е поблиску до седиштата, со цел да се поврзе поп-sвездата со нејзината публика. На концертите, мобилните телефони не смеат да вклучени за публиката да биде фокусирана на настаните на сцена и да уживаат во концертот, за кој издвоиле од 50 до 750 долари.

Сакал да помине под поплавен подвозник , па морал да ползи низ прозорецот (ВИДЕО)

Возачот на „Шевролет“, кој сметал дека може да помине под поплавен подвозник, се заглави и мораше да биде спасуван од полицијата.

Снимката за неговиот неславен чин, што се случи на 6 февруари во Јужна Каролина, се појави пред една недела на Вирал Хог, каде што предизвика бројни реакции. На видеото, снимено од возач кој не се осмелил ниту да се обиде да помине, може да се види црвен Шевролет кој вози до половина пат, а потоа веќе не може да мрдне.

Возачот тогаш, полека исползил низ прозорецот, додека камионот продолжил да тоне.

"Што би бил светот без будали?" е само една од реакциите под видеото.

Новиот партнер ја претепа поранешната вереница на боксерот Кличко

Брајан Хикерсон, сегашниот партнер  на американската актерка Хајден Панетиер, најпознат по улогата во ТВ серијата „Херои“, е уапсен на 14 февруари за семејно насилство.

Полицијата била повикана на адреса во Џексон, Вајоминг откако пијаниот Брајан Хејден ја удрил актерката со  затворена тупаница во лице.

Актерката го избркала надвор од куќата и ја заклучила вратата, а полицајците го нашла како талка по дворот.

Двојката, наводно, се расправала во спалната соба, а потоа проблематичниот агент за недвижнини ја нападнал актерката - се вели во полицискиот извештај дека лицето на Хајден било црвено и отечено кога пристигнале за интервенција, а тој имал гребнатини и отоци на левата рака , објавија таблоидите.

„Не сакам да бидам обвинет за некои с**ња“, викна пијаниот Брајан, на кого ова не е прв агресивен испад.

Тој бил уапсен минатиот мај за напад на актерката во Лос Анџелес, но случајот никогаш не доби судски епилог, бидејќи Панетиер одби да сведочи против насилниот партнер.

Хајден и Брајан се во врска околу година и пол. Актерката претходно беше во врска со боксерот Владимир Кличко (43), со кого ја има петгодишната ќерка, Кеј.

Халид Бешлиќ се расплака среде промоција , кога ги спомена покојните колеги (ВИДЕО)

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ, плачеше на промоцијата на неговиот нов албум Требевиќ.

Пејачот се присети на неговите покојни пријатели Даворин Поповиќ и Мирза Делибашиќ, па не можеше да ги задржи солзите.

„Секоја чест на другите, но најмногу ми недостасуваат овие два лика“, рече Халид, бришејќи ги солзите.

Промоцијата на албумот „Требевиќ“ се случи на последната станица на жичарницата во Сараево, односно на истоимената планина со албумот. Бешлиќ пристигна со жичарница на промоцијата, а голем број пријатели, соработници, колеги и членови на семејството му се придружија на прославата .

„Не можев да замислам подобар и поубавден. Ова е одлична промоција! Прв пат ми е да се возам на жичарницата по 30, 40 години“, рече Халид.

Заедно со албумот, Халид Бешиќ премиерно го претстави и новиот спот за песната Требевиќ.

притисни ентер