Белата куќа со остра опомена до Приштина и до Белград

Косово мора да ги укине ригорозните 100 проценти повисоки тарифи за српските производи, а Србија мора да ја прекине својата кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово во пацифичките и прекуокеанските земји.

По дводневниот престој на Ричард Гренел, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, во Приштина и Белград , од Вашингтон стигнаа остри осуди. Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ се пожали дека барањата не се со соодветна тежина, но тоа е разбрано повеќе како шоу за домашна употреба.

Белата куќа на тој начин ги опомена и едната и другата страна и ја презеде иницијативата, со оглед дека скоро половина година немало дијалог меѓу двете држави. Имено, повече од три месеци не можеше да се формира влада на Косово, а победникот на изборите, Албин Курти, нема договор со коалицискиот партнер Иса Мустафа за некои кадровски решенија. Мустафа бара место на косовски претседател, но Курти не се согласува.

Од друга страна, Србија влегува во предизборниот период (парламентарните избори ќе бидат во април), па се плашат во Вашингтон и Брисел дека недостатокот на дијалог може да се продлабочи во втората половина на оваа година. Претседателот Трамп изјави дека нема да има премногу трпение и бара работите да бидат преместени од ќор-сокакот, а новата администрација на Брисел сака смена. Се чини дека само Москва нема никаква врска со одложувањето на дијалогот, па дури и да се претвори косовскиот јазол во „замрзнат конфликт“.

Во притвор дилери на дрога

Основниот суд Кавадарци со решенија определи притвор за секоe од лицата во траење од по 30 дена. 

Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци  во два одделни предмети против две лица,  43-годишен неготинец и 30-годишен жител на село Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Обвинителството, при извршен претрес на дом и други простории, на 20 февруари, во домот на осомничениот неготинец биле пронајдени тринаесет најлонски пакувања  наротична дрога кокаин во вкупна количина од 16,19 грама и шест најлонски пакувања наркотична дрога хероин во количина од 36,58 грама, кои осомниениот ги држел неовластено заради продажба.

Истиот ден во одделна акција при личен претрес кај жителот на Корешница биле пронајдени импровизирана-цилиндер епрувета со 5,82 грама амфeтамин и 42,1 грам наркотична дрога марихуана спакувана во пет најлонски пакувања.

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите  доставија предлози за определување на мерката притвор за осомничените, по кои судија на претходна постапка во Основниот суд Кавадарци со решенија определи притвор за секоe од лицата во траење од по 30 дена. /МИА

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база програма со програма, тој принцип не го менуваме

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека по изборите се можни разговори за коалицирање со сите политички партии, но според принципот  програма со програма, којшто, како што рече, не планираат да го менуваат.

– Животот не е игра, во животот има принципи кои ако еднаш се прекршат тогаш веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен во едно ТВ  интервју веќе кажавме дека идната коалиција ќе биде на база на програма со програма и тој принцип не го менуваме,  рече Мицкоски, коментирајќи ја можноста за коалицирање со Демократската унија за интеграција (ДУИ) од каде што пак најавуваат коалицирање на на партиите што ќе бидат победници во македонскиот и во албанскиот политички блок.

За коалицирање, истакнува Мицкоски, доаѓа во предвид секој оној чијашто  политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО-ДПМНЕ за којашто ќе се согласат на принципиелна основа и така  ќе функционираат следните четири горидини.

– Ако во еден оркестар свирите на различни ноти, тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам, ако тие програми без оглед на која политичка партија се, допрат со програмите на ВМРО и обратно, не треба тоа да биде еднонасочна улица, сите политички партии доаѓаат во предвид, вклучително и ДУИ, прецизираше Мицкоски.

Размислуваат, наведе, да освојат 61 пратеник на 12 април, според нивните анализи се многу блиску до таа бројка. А веднаш по завршување на избороте, вели, се возможни разговори со сите политички чинители во државата вклучително и со новата коалиција меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Според Мицкоски, како ќе заврши случајот „Рекет" не зависи од политичарите, туку од судството и обвинителите. Забележува дека никој во државата не се одважил да го повика доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев да даде исказ што се случувало.

– На целата јавност и е јасно дека Зоран Заев и Катица Јанева другарувале во минатото и оти нивните потези се резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека е една од причините е и случајот „Рекет". Од друга старана Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, односно бил толку непосреден  со него што дури го советувал и  прашувал од каде му средства  да го финансира медиумот.  Бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз којшто работел со локални бизнисмени во државата, а не гледам дека Заев е повикан во случајот  Рекет 2 да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај и самиот признае дека ја помагале телевизијата на начин на којшто ја помалаге во тие месеци.Никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало, рече Мицкоски во коментар на последната разврска на судскиот процес за „Рекет".

Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале  со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

– Видовме оние кои го снимале веќе осудениот Зоран Милевски кога оди на средба кога виделе со кого ќе се сретне престанале  да снимаат. Така што, очигледно ова е семејна професија, како понатаму ќе заврши овој случај не  е до нас политичарите, туку до судството и обвинителсвото. Ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот,  а ако не нема да бидеме на 106.место на листата на Транспаренси интернешнл , туку на 160, рече Мицкоски.

Во коментар на најавите за префрлање на вработени од јавен во приватен сектор нагалси дека не соодветствува, како што тврди, вработување на 6 000 лица во предизборието, со зборовите на ресорниот министер за дигитализација./МИА

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – точење алкохолни пијалоци на дете.

Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, на 28 декември 2019 година околу 16:30 часот на оштетеното дете на возраст од 15 години, продала шест шишиња од по 2 литри вино, едно шише од 1 литар жесток пијалoк – текила и едно шише од 1 литар жесток пијалoк – вотка.

Надлежниот обвинител му предложил на судот обвинетите да ги огласи за виновни и да им изрече кривична санкција како и казна – забрана за вршење дејност.

-Постапката против обвинетите е поведена по допрен глас, откако за стореното кривично дело обвинителството дојде до сознанија, истражувајќи друг кривично-правен настан, во кој купениот алкохол го консумирале повеќе лица на возраст од 15 до 18 години. При што едно од лицата, на возраст од 18 години, во алкохолизирана состојба се самоповреди со нож, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во текот на изминатите неколку месеци, во соработка со ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, спроведуваше едукативни средби со претставници на правни друштва, меѓу нив и на угостителски објекти, кои што продаваат алкохолни пијалоци. При средбите јавен обвинител ги истакна негативностите од продавање алкохол на деца и одредбите од Кривичниот законик каде истото е предвидено како кривично дело, за што беа најавени зачестени контроли од надлежните институции. Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​ /МИА

притисни ентер