Ердоган: Турција веќе нема интензивни трговски односи со Израел

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер, истакна дека Анкара сега нема интензивни трговски односи со Израел.

- Повеќе не одржуваме интензивни трговски односи со Израел, тоа е готово. Мојот министер за надворешни работи тоа неодамна го соопшти, посочи Ердоган.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста на целиот регион, вклучувајќи ги и неговите граѓани, само за да го продолжи својот политички опстанок“.

Не треба да дозволиме напорите на израелската администрација да ги отстрани од дневен ред злосторствата против човештвото и масакрите што ги извршија во Газа. Ќе продолжиме со зголемените напори да обезбедиме прекин на огнот и непречена испорака на хуманитарна помош за палестинскиот народ во Газа, посочи Ердоган.

Тој побара поголема поддршка и солидарност од германските власти во борбата против тероризмот.

Ердоган говорејќи за трговските односи помеѓу Турција и Германија наведе дека обемот на трговската размена сега изнесува 50 милијарди долари.

- Се надеваме дека Турција и Германија од сега ќе разговараат за проекти за заедничко производство, а не за препреки, особено во областа на одбраната. Сакаме да ги отстраниме од дневен ред ограничувањата со кои се соочуваме во одбранбената индустрија, истакна Ердоган.

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

Силјановска Давкова: Горда сум на вас, на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ , чиј кандидат Гордана Силјановска е во убедливо водство на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе се обидам секој ден да докажам и да покажам дека сум таму не за својата политичка кариера, туку за Македонија. Ќе докажувам дека Македонија мора да биде слична на европските држави и да биде посакувано место за политички и за било каков натпревар. Македонија да биде твоја, да биде наша, зашто токму напуштањето на човечките ресурси нѐ остава да стоиме во место.“ , рече Силјановска Давкова.

притисни ентер