Познат готвач ја напуштил 30 години помладата љубовница, таа му се одмазди (ФОТО)

Познатиот британски готвач Пол Холивуд деновиве ги полни страниците на весниците и порталите не со неговите креации за пециво, туку со скандалот што го тресе неговиот приватен живот.

53-годишниот телевизиски готвач, кој важи за „најдобар“ британски слаткар, ја остави својата сопруга Александра Холивуд поради 30 години помладата љубовница.

Сепак, Пол не се смири со атрактивната љубовница Самер Монтејс-Фулам, па неодамна беше виден со нова девојка.

Со цел да му се одмазди и да го потсети што губи , Самер објави секси фотографии на својот Инстаграм профил. Многумина од нејзините 27 000 придружници напиша комплименти за нејзиниот изглед, а една фотографија привлече големо внимание.

На фотографијата, таа позира на кревет во едноделен костум, истакнувајќи ја примамливата фигура. „Љубовта кон самата себе е најдобриот среден прст на сите времиња“, пишува девојката. Следбениците во коментарите напишаа дека е преубава и се радуваа што малку се шегува со Пол.

Готвачот, имаше скандал и кон крајот на минатата година. Ги украле неговите приватни фотографии и правеле лажни профили на социјалните мрежи. Крадците користеле лажни профили како мамка за запознавање со странци. Пол даде изјава на својот Фејсбук профил, во која се вели дека станува збор за лажен профил и ги повика следбениците да не наседнуваат на измамата.

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер