Димовски: АНБ ги достави до ЈО сите побарани информации за доверливите докумнети пронајдени кај Ременски

За тоа до каде е истрагата за овој случај, тој упати за повеќе информации кај ЈО.

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации кои се побарани од нив во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски. 

-Во врска со тоа прашање во комуникација сме со надлежните институции во нашата земја. Се она што е побарано, соодветно согласно расположливата документација информирани се надлежните институции , рече Димовски на новинарско прашање во врска со случајот за случајот со Меѓународниот сојуз, познат како „Рекет 2" .

За тоа до каде е истрагата за овој случај, тој упати за повеќе информации кај ЈО.

Во рамки на истрагата „Рекет" кај пратеничката Фросина Ременски беа пронајдени доверливи документи за кои таа тврдеше дека станува збор за документи кои кријат кривични дела и криминал, за наводна нелегална употреба на македонски агенти на УБК надвор од државата.

Запрашан за надводни злоупотреби во рабоптата на АНБ, Димовски рече дека Агенцијата за национална безбедност функционира четири месеци од 1 септември минатата година и оти во изминатиот период направиле значајни чекори според нивната оценка и оценката од нивните партнери со кои комуницираат, укажувајќи на успешно завршениот процес на селекција на кадрите од поранешната УБК.

-Сега се обидуваме да го возобновиме персоналот со свежа крв од македонските универзитети. Ја финализиравме изработката на внатрешната легална рамка на функционирање на институцијата и сега сме во фаза на оформување на легалната рамка за соработка со останатите државни институции во земјата. Периодот е прекраток, но сакам да ве уверам дека задачата што ја имаме да го реформираме безбедносниот сектор, да ги избегнеме замките и злоупотребите кои што биле правени во минатото и поради кои се пријде кон реформа на безбедносниот сектор, дека Агенцијата нема да падне во таа замка. Ние ќе продолжиме да работиме согласно законот, ќе продолжиме да се координираме и со регионалните и со меѓународните безбедносни инстритуции од стартешките интегртивни процеси кон кои се стремиме и убеден сум дека сме на вистинскиот пат. Времето ќе покаже дали ова што го зборуваме е вистина, рече Димковски кој со Никола Јанкуловски ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка./МИА

Гренел: Лажна вест дека САД се за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел демантираше дека Вашингтон се согласува за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Лажни вести, напиша Гренел на својот Твитер налог, коментирајќи го текстот што вчера го објави ЕУ Обсервер.

- Јас сум за она што ќе го договорат страните во дијалогот, фокусиран сум на економскиот развој, а не на политиката, нагласи Гренел.

 ЕУ-обсервер вчера објави дека специјалниот претставник на САД за западен Балкан, Метју Палмер во интервју за порталот не ја исклучил можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

 Тој посочил дека ги поддржува „страните да најдат начин да се вратат на преговарачка маса, да ги отворат сите важни прашања за време на разговорите и да најдат начин за нормализирање на односите“.

Македонски Телеком: Преземени безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. “

Македонски Телеком информира дека по регистрираните повици во текот на денов од непознати дестинации кон нивни корисници, а кои имале цел да генерираат непотребен сообраќај, веднаш презеле безбедносни мерки, ги блокирале непознатите броеви и го оневозможиле бирањето кон тие дестинации. Апелира корисниците  да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.

– Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, соопшти Македонски Телеком.

Голем број граѓани, на социјалните мрежи и кај операторите, информираа за телефонски повици од непознати странски броеви.

Директорот на АЕК Сашо Димитријоски претходно за МИА изјави дека телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство.

Исто така апелираше граѓаните да не одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на и на двата мобилни оператора во државава.

АЕК, како што најави, ќе има средба со претставници на операторите, по што и ќе објави соопштение со конкретни насоки до граѓаните. /МИА

Бектеши: Законот за енергетска ефикасност отвори можност за поефикасно јавно осветлување во општините

Новиот закон, додаде, ќе овозможи реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетска ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот.

Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој од вчера официјално влезе во сила, се овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО и се прецизираат одредбите и модел-договорите кои овозможуваат реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, како за ефикасно осветлување, така и за други вложувања во енергетска опрема и инсталации каде меѓу другото се опфатени и реконструкции на згради.

Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши по днешеното потпишување договори за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување меѓу пилот општините Македонска Каменица и Чешиново – Облешево како корисници и ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје.

-Овој нов модел кој првпат се применува во суштина носи придобивки за јавните органи, бидејќи не е потребно претходно обезбедување средства од Буџетот на државата. Јавните органи со овој модел имаат можност врз основа на остварените заштеди на електрична енергија, со примена на мерки за енергетска ефикасност, да обезбедат подобри услуги за граѓаните, а трошокот за енергетското реновирање да го плаќаат преку сметките за електричната енергија, рече Бектеши.

Новиот закон, додаде, ќе овозможи реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетска ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните така и за економијата воопшто.

Координаторот на проектот Здравко Стефковски посочи дека меморандум за разбирање во Проектот на Европската банка потпишаа 21 општина од кои пет беа избрани за пилот-општини. Со две од нив денеска, како што прецизира, се потпишува договор за јавно-приватно партнерство, а за два месеца треба да биде потпишан и со остантите три плот-општини Василево, Радовиш и Валандово.

-ЕСКО компаниите ја носат целокупната инвестиција на високо квалитетна ЛЕД технологија за улично осветлување додека крајниот корисник, во овој случај општините, финансиски не учествуваат. Крајниот корисник ја враќа инвестицијата на ЕСКО компанијата исклучиво преку заштедата на енергија. Во тендерската постапка, општината ја избира онаа ЕСКО компанија која има уредна документација според тендерската документација и ќе понуди најголемата нето финансиска добивка за општината, рече Стефковски.

Времето на враќање на инвестицијата, додаде, изнесува во просек шест години, а понудениот животен век на светилките е 100.000 работни часа. За времетраење на договорот целокупното одржување на опремата која е предмет на договорот потпаѓа под ЕСКО компанијата. По завршување на договорот, целокупната заштеда на енергија и опремата остануваат на крајниот корисник т.е. општината.

-Ако се земе предвид дека системот за улично осветлување во просек работи 4200 работни часа годишно, во тој случај светилките би требало да работат околу 23 години, потенцираше Стефановски.

Градоначалниците на општините Македонска Каменица и Чешоново-Облешево, Соња Стаменкова и Горанчо Крстев, се заблагодарија на Министерството за економија и ЕБРД за можноста да учествуваат во ваков проект и да можат да инвестираат во енергетски ефикасна инфраструктура на нивната територија.

Градоначалничката Стаменкова посочи дека нејзиниот тим со кој соработувала во проектот бил визионерски и навреме ги согледал придобивките од овој вид финасирање, а грдоначалникот Крстев прецизира дека проектот ќе значи заштеди за општината.

Претставникот од ЕСКО Компанијата Македонски телеком Гоце Митевски истакна дека како компанија ќе продолжат да работат во обезбедување најдобри услуги за граѓаните преку најнови технологии и додаде дека пилот-општините иако се мали први го сфатиле предизвикот и придобивките од дигитализацијата.

-Покрај штедливи сијалици на општините им нудиме и напредна комуникациска мрежа со која се контролираат светилките и се овозможува заштеда од 40 до 80 отсто, а при тоа има до 60 отсто подобар квалитет на осветлувањето, рече Митевски.

Проектот за создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти започна со реализација во септември 2019 година, кога во просториите на Стопанската комора беа организирани повеќе настани на кои беа презентирани условите за учество во овој проект, а Министерството за економија помогна во структуирањето на проектите од аспект на енергетска ефикасност и  јавно-приватно партнерство и координацијата на активностите со општините. Има за цел да обезбеди заштеда на трошоците за електрична енергија, создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти, подобра услуга за граѓаните, како и да придонесе кон намалување на емисијата на стакленички гасови. Преку овој проект во почетокот беа опфатени пет-пилот општини Валанадово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново – Облешево.  Во втората фаза ќе биде проширен со ЕСКО проекти за поставување енергетски-ефикасно централно греење во јавните згради во општините.

Во рамките на проектот во Министерството за економија  веќе е во тек изготвување на тендерска документација за спроведување на постапка за јавно-приватно партнерство за енергетско реновирање на зградата на Министерството.

-Очекуваме постапката да ја отпочнеме кон крајот на април. Ова ќе биде прв пример на тендерска постапка која ќе се спроведе по новиот модел за избор на ЕСКО и ќе биде модел по кој јавните институции ќе треба во иднина да ги реновираат зградите со примена на мерки за енергетска ефикасност, рече Бектеши.

Нагласи дека е уверен оти овој проект ќе придонесе кон подигање на свеста за придобивките од преземањето на мерки за подобрување на енергетската ефикасност, како и кон заживување и целосна имплементација на ЕСКО договорите, а воедно ќе придонесе и за постигнување на националните цели за заштеди на енергија и подобрување на условите за живење на граѓаните./МИА

притисни ентер