И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи./МИА

Меѓаши: Децата тешко се охрабруваат да пријават прекршување на правата

Насилството е сеуште еден од главните проблеми поради кој звони телефонот на СОС за деца и младинци. 

Без разлика дали станува збор за семејно, меѓуврсничко или насилство во образовните установи, а најголем број од оние кои се јавуваат се Македонци, а по нив следат Ромите и Албанците.

Според СОС линијата, кога станува збор за семејното насилство, најголем дел од пријавите се засноваат на физички напади , а голем е бројот и на оние кои пријавуваат психичко малтретирање на децата.

Во текот на една година на СОС телефонот за деца и млади се регистрирани 113 случаи, при што се опфатени 228 деца, но сепак загрижувачки е податокот дека децата не се охрабруваат сами да го пријават кршењето на нивните права. Од детската амбасада Меѓаши велат дека е потребно да се направи повеќе за охрабрување на децата, да се информираат или да пријават прекршување на своите права.

Во податоците за дојави се истакнува барањето на материјална помош, а горлив проблем останува и прекршувањето на правата на детото при бракоразводните постапки, каде што во 85 проценти од случаите детето има проблем да си го види едниот од родителите.

Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска".

– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април, пишува Мискоски на фејсбук. /МИА

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски гостин во вестите на Канал 5

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски гостин во вестите во Канал 5 телевизија.

За темите поврзани со предвидената кампања на партијата, можното коалицирање и случајот „Рекет“, со Николовски разговараше колешката Андријана Лазова.

Целиот разговор погледнете го во видеото.  

притисни ентер