Мицкоски и Муцунски денеска се сретнаа со Јоханес Реј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска (24.01.2020) остварија средба со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија.

На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, актуелната политичка состојба во државата, македонската европерспектива и предизвиците со кои се соочуваме, како и за престојните парламентарни избори во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за досегашната соработка со фондацијата која е на одлично ниво и е од особено значење во периодот пред предвремените парламентарни избори, размената на искуства и знаење во престојниот период е клучна.

Во однос на актуелната политичка ситуација Мицкоски ги посочи поразителните истражувања на „Транспаренси Интернешнл“ за перцепција на корупцијата според која Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот како и она на угледниот британски весник „Економист“ кој ја класифицира нашата држава како „хибриден режим“.

Тој потенцираше дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија, но поради високата корупција и вмешаноста на високи државни и партиски функционери на СДСМ во коруптивни афери се загрозува нашата европска перспектива. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека по победата на 12 април, новата Влада има план како да се справи со овој горлив проблем и има план како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.

Соговорниците се согласија дека првиот и клучен услов за европската иднина на државата се фер и демократски избори на 12 април, волјата на граѓаните мора да се почитува.    

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво

 Претседателот на  Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците го запознале Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.

На средбата била нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.

Претседателот Пендаровски ја нагласил потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Колев и Љупчо Ристовски

Вечерва ви носиме две спротивни во единствената ваша и наша Само Вистина со двајца лидери на две новоформирани партии Петар Колев од ГДУ и Љупчо Ристовски од Интегра.

Драги сограѓани, црни, бели и оние накај сиво, дали пролетното сонце во февруари навестува жешка политичка пролет, на мартовскиот самит ќе го добиеме заслуженото или и овој пат ЕУ ќе не’ прескокне, вечерва ви носиме две спротивни во единствената ваша и наша Само Вистина со двајца лидери на две новоформирани партии Петар Колев од ГДУ и Љупчо Ристовски од Интегра.

„Бомбата“ на Милошоски, или обвинителниот акт на Рускоска, што ќе им донесе правда и подобар живот на граѓаните?

Кој треба да им даде ветер во грб на малите партии за да се пробијат на политичката сцена?

Колев е на став дека македонците треба да го гледаат минатото со реални очи, без фрустрации и да ги прифатат историските вистини онакви какви што се. Ристовски контра Колев, ако формира влада, за 100 дена ќе го врател името Македонија.

Дали навистина НАТО „виси“ ако се чепне договорот од Нивици?

На чекор до седнување на 30-тото столче во НАТО, Ципрас наговестува дестабилизација на Балканот ако Македонија и Албанија не добијат датум за преговори со ЕУ, кој манипилира, а кој ја говори вистината, вечерва Петар Колев и Љупчо Ристовски, во „Само Вистина“ само на Канал 5 Телевизија.

Средба на Џафери со стипендист во германскиот Бундестаг

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со избраниот парламентарен стипендист во германскиот Бундестаг за 2020 година, Елена Митричка.

 На средбата присуствуваше и Мики Милковски, заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Катрин Фринсфелд, аташе за култура и Марија Мицевска Кокаланова, Координатор на ИПС програмата во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

Претседателот Џафери ја истакна долгогодишната пракса и позитивните искуства од досегашните стажирања на ИПС стипендистите од 2009 година во Собранието на Република Македонија, непосредно пред нивното заминување во Сојузна Република Германија и додаде дека на тој начин, им се овозможува поподготвени да ја започнат праксата кај германски пратеник во Бундестагот. Тој посочи дека Собранието во континуитет учествува во промоцијата и мотивирањето на младите лица активно да се пријавуваат за користење на оваа стипендија, а по нивното враќање да ги споделат стекнатите искуства од нивното работење во Бундестагот.

Г-ѓа Фринсфелд се заблагодари за реализацијата на денешната средба и за овозможувањето на парламентарна пракса, која полека станува убава традиција за избраните стипендисти во Собранието на Република Македонија. Многу е важно стипендистите добро да се вклопат во работата на Бундестагот и да остават одличен впечаток кај германските пратеници. Од друга страна, ова стажирање во Бундестагот, на стипендистите кои доаѓаат од соседни земји им помага поблиску да се запознаат и да надминат некои анимозитети кои ги имале претходно меѓу себе, да се поврзат во една поголема мрежа на стипендисти и активно да делуваат во своите матични земји и во регионот пошироко.

ИПС е традиционална активност на германскиот Бундестаг, која заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на младите луѓе со завршено универзитетско образование кои доаѓаат од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламентарниот систем на Германија. Во Република Македонија, проектот се реализира од 2001 година, а заклучно со програмата за 2020 година, досега од земјата учествувале 52 стипендисти. Стипендистите работат со пратеници на германскиот Бундестаг, кои имаат особен интерес за развивање на односи со земјите од Западен Балкан, а посебно со Република Македонија. Програмата на Собранието на РСМ која започна да се спроведува од 2009 година, е дванаесетта програма за запознавање на овие стипендисти со работата на Собранието на Република Македонија.

притисни ентер