Гевгелиски искуства од бегалската криза пренесени на меѓународна конференција во Шпанија

„Бегалската криза беше голем предизвик за општина Гевгелија, бидејќи за една и пол година низ нејзината територија поминаа 800.000 мигранти“.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и претседателот на општинскиот совет Тодор Ристов, во шпанскиот град Алмерија учествуваат на меѓународна конференција за споделување искуства од бегалската криза на која присуствуваат претставници од шест европски земји.

-Бегалската криза беше голем предизвик за општина Гевгелија, бидејќи за една и пол година низ нејзината територија поминаа 800.000 мигранти, бројка што сама по себе доволно зборува за последиците од кризата во една мала општина како Гевгелија. По затворањето на балканската рута во прифатниот центар за транзит на мигранти, кој и натаму е отворен,само повремено и кратко престојуваат мал број мигранти. Но, на територијата на нашата општина и натаму се случуваат секојдневни инциденти со илегални преминувања на мигранти од грчка територија, истакна Поцков во своето обраќање.

Конференцијата е дел од европската програма „Европа за граѓаните’, чиј носител е грчката општина Пеонија. Општина Гевгелија стана дел од проектниот тим што го реализира проектот за споделување на искуства од мигрантската криза. /МИА

Ципрас: Без преговори за Македонија и Албанија се отвора врата за дестабилизација на регионот

Европскиот совет во март треба да даде зелено светло за почетокот разговори за пристапување за Македонија и Албанија, повика поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во обраќањето во францускиот Сенат.

Во неговиот говор рече дека унијата не може да биде силен геополитички фактор на меѓународно ниво, доколку не е кредибилен фактор во нејзиното соседство.

-Како може ЕУ на кредибилен начин да ги поддржи изгледите за решавање на меѓународните спорови, кога не може да поддржи една европска земја како Македонија, која веќе реши европско прашање? Откажувањето, па дури и одложувањето на проширувањето ќе има сериозни последици за стабилноста во регионот, со што ЕУ ќе треба исто така да се справи. Во 2014 година кога претседателот Јункер најави замрзнување на процесот на проширување, регионот влезе во состојба на продолжена нестабилност. Една по друга следеа кризите. Во Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, изјавил Ципрас.

Китев: Ветивме „пари назад кај граѓаните“ и тоа го остваруваме

СДСМ во континуитет работи на обезбедување стабилна економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа прогресивни мерки.

Ветивме "пари назад кај граѓаните" и тоа го остваруваме.

По втор пат граѓаните на своите трансакциски сметки добиваат исплата на парични средства преку мерката МојДДВ.

8 милиони и 567 илјади евра е вкупниот поврат којшто граѓаните го оствариле преку скенирање на фискални сметки во периодот од 1 јули 2019 до 31 јануари 2020 година.

Само досега преку Управата за јавни приходи, над 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани.

Почитувани,

Преку мерката МојДДВ за прв пат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност.

Оваа револуционерна мерка е препознаена и поддржана од граѓаните. Им ги враќа парите назад на граѓаните и ја намалува сивата економија.

Резултати покажуваат успешна реализација и во делот на наплатата на МојДДВ.

Во 2019 година наплатата на ДДВ од 52 милијарди денари е за 5,7% повисока во однос на 2018 година.

По воведувањето на МојДДВ наплатата споредена со месеците јули-декември 2019 со периодот јули декември 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2%.

Почитувани,

СДСМ е одговорна партија, се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај граѓаните.

Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.

После години осиромашување на граѓаните, минималната плата се зголеми на 14.500 денари, платите во повеќе сектори растат, а над 106 илјади вработени за последните два и пол месеци добија повисоки плати, преку субвенционирање на придонеси за покачување плати.

Пензионерите добиваат пензии повисоки за 722 денари, тројно се зголеми социјалната помош, се укина радиодифизната такса и се врати евтината струја.

По 12 април продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.

На прав пат сме!

 Бетиане Китев, пратеник на СДСМ

Чулев: Владата да не се меша во ингеренциите и независноста на МВР

„Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат пет решенија, за што постои записник/стенограм.“

Сакам да ја информирам домашната и меѓународната јавност дека техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжува да го попречува функционирањето на техничката Влада, а со последните случувања во соработка со дел од стручните служби во Владата направи и кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова денеска од пред Основното јавно обвинителство го изјави министерот за вантрешни работи Наќе Чулев, посочувјаќи дека на седницата на Владата што се одржала во саботата на 15 февруари последна на гласање била ставена точката за поништување на пет решенија донесени од неговаа страна за распоредување на вработени во МВР.

– Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат пет решенија, за што постои записник/стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно во координација со дел од службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во Службен весник Бр.41 од 15.02.2020 година, каде покрај петте решенија чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба за извршување на работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата, ниту е донесена одлука за нивно поништување, изјави Чулев.

Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање дејствија со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање на докази, министерот Чулев го повика ОЈО веднаш да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага, во спротивно, потенцира, ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на одлуката на Влада.

Тој упати апел до вработените во Владата кои со одобрување на Оливер Спасовски веќе го прекршиле законот, како што рече, да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела.

– Ја повикувам и Владата да се воздржи од идни активности во насока на мешање во ингеренциите и независноста на МВР  и директното влијание вез избирачкото право на граѓаните и изборниот процес, рече министерот.

Чулев најави дека за неколку недели ќе се нормализира состојбата со недостигот од обрасци за пасоши. Уште еднаш повтори дека се очекува пратката од 100 илјади обрасци од пасоши, што треба да пристигне на 24-ти март, но оти се прават напори тој рок да се скрати за десетина дена.

-Ние веќе имаме направено стратегија и план. Ќе се работи во продолжени смени, ќе се работи и во недела, така што мислам дека за краток период ќе биде надминат тој проблем со пасошите, изјави министерот Чулев кој денеска од пред Основното Јавно обвинителство.

На новинарско прашање за објавените информации од некои медиуми за негова оставка, Чулев нагласи дека дал детално соопштение на Фејсбук.

– Се работи за психолошки притисоци, за непринципиелни закани кои ги добивам и соопштението на „Либертас" е тотална дезинформација, значи е лажна вест. За тоа ќе реагирам и до Советот за етика на медиумите и до ЗНМ. Во однос на последните преставки што ги доставив до ЗНМ и до Советот за етика, веќе има позитивно од страна на еден медиум за медијација и ние би нашле модел како истите да демантираат вест што претходно е објавена,  што е многу позитивна работа, истакна министерот Чулев. /МИА

притисни ентер