ФИТР: Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ објавен по трет пат

Со 6 милиони денари Фондот за иновации и технолошки развој ќе ги поддржува основците и средношколците да станат млади истражувачи преку третиот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи„ кој беше објавен денеска.

Претставници од Фондот пред учениците ги претставија условите за аплицирање. Прифатливи ќе бидат проектите од областа на природните и техничките науки кои би се реализирале за максимум 6 месеци.

Заинтересираните имаат рок до 16ти март да ги пријават своите проекти online, а потоа комисија од Фондот ќе ги разгледува и оценува. Ќе се земе предвид и составот на тимот – родовата застапеноста, возраста и етничката припадност.

Секој тим може да добие максимум 300 илјади денари плус дополнителни 30 илјади денари за менторите. Преку овој проект, Фондот досега има поддржано 54 училишта.

Посебна комисија ќе одобрува пасоши за итни потреби

3400 пасоши а над 16 илјади барања.

 Пасошката криза во земјава засега ќе се решава со Комисија во која ќе членува и лекар која ќе утврдува кои граѓани ќе имаат предност да добијат пасош. Новата пратка од 100 илјади пасоши германската Веридос треба да ја испорача на 24 март иако можноста тој рок да се скрати за десет дена не е потврден.

Како опција за привремено решение Чулев го спомна Апостил печатот со кој ќе се продолжи рокот на пасошите и ќе се испрати до другите земји. Но за тоа ќе треба да одлучува Владата. Тој за проблемот со пасошите го обвинува неговиот претходник, сега претседател на техничката Влада Оливер Спасовски. А дали има законски прекршувања во постапката за набавка на обрасци ќе проверува и Обвинителството.

-Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Министерството за внатрешни работи е пристигнато известување по добиени сознанија за незаконско постапување при спроведување на постапка за набавка на документација за лични документи. Известувањето е распределено за постапување кај јавен обвинител кој веднаш презеде активности за расветлување на изнесените наоди.-Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Чулев одржа прес конференција токму пред државното обвинителство кое го повика да ги провери поништувањата на Владата на неговите распоредувања на вработени во МВР. Вели и дека воопшто не размислува да поднесе оставка а сите пишувања во медиумите ги нарече лажни вести.

Владата минатата недела поништи над 90 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер во МВР Чулев.

Македонија под масовен наплив од неидентификувани телефонски повици

Непознати странски броеви утринава разбудија илјадници Македонци.

Добивале повик од различни телефонски броеви, но со ист префикс +881, кој, според информациите, го нема на листата на странски броеви, туку е сателитски мобилен систем, кој  може да се купи преку Амазон и сличните платформи, но чини многу скапо..

На социјалните мрежи граѓаните алармираа за ѕвонењето - но, до сега нема информација колку наседнале на замката, и дали некој одговорил на повикот.

Повиците ги добивале корисни и на двата мобилни оператори.. Од Телеком велат дека целта на повиците од непознати дестинации кон наши корисници е да се генерира непотребен сообраќај.

-За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци. -  велат од Телеком.

Од А1 велат :

-А1 Македонија ги информира корисниците дека во раните утрински часови, во траење од два часа, се случи таканаречен wangiri fraud, вид на измама во телекомуникациите при што измамниците со автоматско бирање генерираат пропуштени повици  и се надеваат дека ќе бидат повикани назад и со тоа преку нивните меѓународни повикувачки броеви ќе може да профитираат.Случајот е веднаш идентификуван, пријавен и преземени се сите мерки за заштита на корисниците. Пропуштените повици во најголема мера се иницирани со повикувачки број од нумерациски опсег на еден сателитски оператор Global Star и од Литванија. Случајот ќе биде пријавен и во меѓународната асоцијација  GSMA до Fraud & Security форум.

Ако корисниците примат ваков повик треба да бидат сигурни дека не се специфично таргетирани туку дека измамниците таретираат случајно избрана низа, листа или ранг на мобилни или фиксни броеви.  Препорачуваме корисниците да не возвраќаат на ваквите меѓународни броеви кои не ги препознаваат. Возвраќањето на пропуштените wangiri повици резултира со наплата , а измамниците тежнеат да генерираат уште повеќе пропуштени повици се со цел корисниците што повеќе да возвраќаат. Ги повикуваме сите корисници кои имаат пропуштено меѓународни повици кои ги имаат горенаведениот опис да не информираат, велат од А1 Македонија.

Ова не е прв ваков напад во земјава. Сличен имаше и пред неколку месеци, кога беа регистрирани повици од телефонски броеви со префикси од Естонија, Литванија и Нигерија.

Упатените објаснуваат дека станува збор за меѓународна измама, позната како „Фишинг“ или „Вангири“, а потекнува од Јапонија.  Функционира на начин што - доколку одговорите на повикот веднаш ве поврзуваат со таканаречени „премиум“ броеви и ве задржуваат што е можно подолго на линија. А колку подолго ве задржат, толку повеќе ќе ве чини повикот – вашата сметка ќе достигне астрономска сума, а тие ќе имаат голема заработка.

Жртви на вакви измами во минативе години во светот беа повеќе земји.

Алијанса за Албанците: Апликациите за државјанство постари од пет години да добијат позитивен епилог

Проблемот со негирање на државјанството е проблем што долги години ги придружуваше Албанците во Македонија, а истиот тренд продолжува и денес.

Илјадници семејства кои законски ги исполнуваат сите услови за опремување со државјанство, сè уште не го стекнале ова право без никакво образложение од надлежните органи. Потсетуваме дека, токму ДУИ многу пати со своите досегашни партнери во владеење правеа измени во законот за државјанство со комплицирани процедури и честопати создавајќи екстремно тешки околности за лица без државјанство.

Во нашата земја државјанството се стекнува на два начина по потекло и природување, а во некои случаи и со раѓање на територијата на Македонија.

Со оглед на второто, многу деца во земјава чии родители се без државјанство, за жал завршуваат исто така без државјанство иако законски родените деца од лица без државјанство се сметаат за македонски граѓани и имаат право да се регистрираат и да добијат уверение.

Алијанса за Албанците ќе побара од надлежните органи сите апликации за државјанство кои се постари од 5 години да добијат позитивен епилог.

Во една нормална земја, проблемот со без-државјанство се третира како многу важен проблем, но, за земја како Македонија каде личните и партиските интереси ги надминуваат сите други интереси, ова прашање продолжува да се занемарува.

Алијанса за Албанците

притисни ентер