Заев: Опозицијата да прифати законско решение за ЈО и да докаже дека е против криминалот

Особено ја повикувам опозицата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска повторно ги повика сите политички субјекти, пратенички групи и независни пратенички групи да преземат одговорност во донесувањето на законот за јавно обвинителство, и како што рече, да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на земјава.

– Особено ја повикувам опозицата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото, рече Заев и додаде дека носењето на законот за ЈО ја гарантира европската иднина на државата.

Нагласи дека од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата.

– Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на нашата држава се залагаат за законско решение што ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бидат обвинители. За сите актуелни случаи и предмети без разлика на кого се однесуваат вклучително и сите предмети и случаи на СЈО, мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница, истакна Заев.

Оцени дека беззаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани и казнувани, а тоа е можно, како што рече, само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката.

Заев, во однос дали има одговор од независните пратеници, рече дека полагаат сериозна надеж кај пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од опозицијата, македонска, албанска од сите политички партии, од парламенарното мнозинство, со цел, како што рече, да се постигне консенус, ако не друго барем за двотретинско мнозинство за овој закон.

Информира дека денеска се повикани сите политички партии и парламентарни групи од министерката за правда Рената Дескоска, со цел да го отворат законот и да почне дискусијата со цел негова брза финализација.

– Времето е навистина многу кратко, знаејќи дека има комисија и парламентарна процедура за финалното гласање, распуштањето на Парламентот е на 12 февруари, и неможноста повеќе да се одолговлекува оваа работа. Недозволиво е било какво одолговлекување и во консултација со министерката за правда одлучивме да се повикаат сите политички субјеикти. Повикана најпрво е најголемата опоизициска партија па потоа вториот коалиционен партнет во владата ДУИ, па независната пратеничка група, и верувам дека ќе се изнајде решение за доброто на државата, рече Заев.

Во однос на номинацијата за член на Венецијанската комисија на министерката за правда Рената Дескоска и дали тоа може да има судир на интереси и паралелно да ја извршува функцијата министер, Заев рече дека за член на Венецијанска комисија не одлучуваат наши кадри, такви примери на министри, вицепремиери и членови на Влади да учествуваат во работата на Венецијанската комисија, има и во регионот и во Европа, и оти не постои судир на интереси.

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

притисни ентер