Средба на работните групи за законот за ЈО во Собранието

 Партиските работни групи за законот за јавно обвинителство попладне во 16:00 часот ќе одржат нова средба во Собранието Република Македонија, потврдија за МИА од Министерството за правда.

На средбата се поканети претставници на сите пратенички групи.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера ги изразија своите позиции во однос на предложеното законско решение во пресрет на средбата на работните групи.

Мицкоски рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози.

Иако не е услов за почеток на преговорите со ЕУ, сепак високите европски претставници изминатиот период Законот за ЈО го споменуваат се погласно дека е потребно да се донесе во сегашниот парламентарен состав.

Заев вчера порача дека не држат тезите дека преку овој предлог некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт.

Лидерот на СДСМ во однос на најавата на Мицкоски дека нема да учествуваат ако не се прифатат нивните забелешки рече дека тоа е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

Мицкоски, пак, истакна дека дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта.

Резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во земјава вчера на средбата со премиерот Оливер Спасовски истакнаа дека носењето на законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу валста и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Оливер Вархеjи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата. /МИА.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер